ВАЛАНГИИ

Рецепт на: Сабаетка Исмаили

Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ секој ден од понеделник до четврток во 10 часот на Канал 5

Потребни состојки:  1 л. вода, 10-12 големи лажици брашно, кравја маст и солена вода по потреба и сол по вкус.

Постапка:

Во подлабок сад со вода постепено се додаваат околу 10 поголеми лажици брашно со постојано мешање.

Се зачинува со сол по вкус и се продолжува со мешање се додека не се добие кашеста смеса без грутки.

Смесата се нанесува врз загреана плоча премачкана со масло  и по неколку минути се  добива испечена кора.

Истата постапка се повторува и со останатите кори.

Испечените кори  се премачкуваат со кравја маст и солена вода и се редат една врз друга во тепсија.

Корите се сечат во форма на баклава и се печат во загреана рерна околу 30 минути.

притисни ентер