Лексус го претстави прототипот LC 500h со вселенска боја (ФОТО)

Купето на Лексус беше претаставено на саемот во Барселона , во помаранџаста боја како залезот на сонцето.

Ова купе LC 500h Matte Prototype е уште еден обид на престижниот бренд на Тојота да продолжи со иновациите , овојпат користејќи специјална боја и текстура.

Прототипот е во боја ,,вселенско портокалово” , која според проиводителот се добива кога се гледа заоѓањето на сонцето.

Во Лексус тврдат дека оваа боја во комбинација со црните детали и покривот од карбон влакна со активни задни спојлери , е вистински погодок за потрошувачите.

Овој Лексус користи хибриден систем за погон со максимални 359 Кс. Од 0-100 км/час стигнува за 4,7 секунди ,а максималната брзина е 250 км/час.

притисни ентер