Јутјубер поради едно видео за 48 часа загубил 2 милиона претплатници (ВИДЕО)

Еден од водечките Јутјубери за убавина , Џејм Чарлс , поселдните денови преживува драма , откако за само 48 часа загуби 2 милиона претплатници.

Причината е видео кавга со негова колешка . Станува збор за Тати Вестбрук , која во 43 минутнио видео до детали го раскажа својот однос со Чарлс , односно како ја измамувал.

Вестбрук на Јутјуб промовира здрава исхрана и со години го буткала на Чарлс на виралната сцена. Затоа збеснала кога видела како токму тој промовира додатоци на храна , кои се нејзини директни конкуренти. Таа вели дека била шокирана од потегот на Чарлс.

Нејзиното видео за само 24 часа било прегледано 11 милиони пати, а за само последните неколку дена има 24 милиони прегледи.

Во петокот тој се обидел да и се извини на Тати , но тоа не му помогнало. Видеото со извинување е прегледано осд петокто до сега 22 милиони пати. Но , Чарлс веќе ја претрпел штетата .

За последниве два дена загубил 2 милиона претплатници , додека Тати во истиот период доби нови 1,5 милиони следбеници на нејзиниот Јутјуб канал. Многумина тврдат дека ова е крај на кариерата на Чарлс.  

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

DAY 2 🍑 no razor bumps in sight

A post shared by James Charles (@jamescharles) on

Пајак во Австралија улови и изеде опосум (ВИДЕО)

Страшни фотографии објави Џастин латон , кои ги снимил нејзиниот сопруг , а на нив се гледа како огромен пајак лови и јаде опосум , вид мал торбар што личи на стаорец.

Во Националниот парк Маунт Филд на Тасманија сопругот на Џастин Латон снимил неверојатна борба. За научниците станува збор за навистина редок феномен.

Големите пајаци кои живеат во Австралија и на Тасманија знаат да изедат мало пиле , жаба или влекач , но не и опосум. Опосумот има тело долго од 5 до 11 сантиметри со тежина од 7 до 43 грама.

Видот опосуми што на снимката се гледа како жртва на пајакот е од поголемите , кои достигнуваат до 11 сантиметри должина и од 15 до 43 грама тежина.

Во 2016 Австралиец од државата Квинсленд сними кај него дома слично шокантно видео- пајак кој преку фрижидерот во неговиот дом носи глушец.

Фејсбук ја претстави својата криптовалута со која имаат големи планови

Компанијата Фејсбук денеска го објави планот за лансирање на криптовалутата либра , така што од секторот социјални мрежи се шири кон онлајн трговија и глобално плаќање.

Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.

Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .

Се надеваат дека со стартот на либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.

По првата година , Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.

Компанијата основа и филијала наречена Калибра , која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење , праќање пари и потошувачка на либра.

Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.

Тајната врска на Колин Фарел и Елизабет Тејлор

Холивудскиот шармер, актерот Колин Фарел откри како ја завел славната колешка Елизабет Тејлор.

Колин Фарел е актер со бурно минато, многупати  е поврзуван со познати убавици, но јавноста е изненадена по неговата изјава дека бил во врска со 36 години  постарата колешка легендарната Елизабет Тејлор.

Фарел признал дека тоа била „неговата последна романтична врска “.

-Беше тоа последната врска барем во мојата глава, врска која сум ја имал и која секако никогаш не  била консумирана, изјавил Колоин Фарел.

Нивниот однос започнал кога Колин во болница го очекувал раѓањето на својот помлад син. Тогаш го сретнал менаџерот на славната актерка  кој му рекол дека токму сега на Лиз и вгадуваат стент. Колин го замолил да и ги пренесе неговите поздрави и бил уверен дека легендарната дива нема да знае за кого станува збор. Но, само две недели подоцна Елизабет му испратила орхидеи. 

Брзо потоа стапиле во контакт и нивната врска главно била преку телефон. Траела скоро две години. Колин потоа се пошегувал дека ќе стане нејзиниот осми сопруг, но околностите  сепак не им оделе на  рака за такво нешто.

притисни ентер