Милион лајкови за два часа – објавено стопалото на кралското бебе

Меган Маркл и принцот Хари во средата го претставија својот син Арчи , а денеска , на Денот на мајката , објавија нова фотографија.

На фотографијата Меган ги држи стопалата на малиот Арчи , додека во позадина се гледаат цвеќенца во дворот на Кенсингтонската палата , за кои се верува дека биле омилени на мајката на Хари , принцезата Дајана.

Само за два часа фотографијата собра милион лајкови на Инстаграм. Арчи Харисон Маутбатен Виндзор е роден во понеделникот рано наутро , а во средата и е претставен на јавноста , кога е објавено и неговото име.

Само во една земја на светот има повеќе полначи за е-возила отколку бензински пумпи

Бројот на бензински пумпи во светот е во постојан пад , за сметка на полначите за електрични автомобили чиј број вртоглаво расте.

Според последните податоци , уличната инфраструктура на Британија во моментов располага со повеќе локации за полнење електрични автомобили, отколку со пумпи за фосилни горива.
Во 2012 имало само 913 полначи за автомобилски батерии, по една година тој број е двојно зголемен , за во август годинава да бидат регистрирани дури 9199 места за полнење на електрични возила.

Максималниот број на бензински станици во Британија бил достиогнат во 1970 година кога имало 37 539 . Тој број постојано опаѓа , така што во 2005 имало помалку од 10 000 . Во август годинава во функција биле точно 8 396 бензински пумпи .

Производителите на електрични возила знаеле дека ќе дојде до таква ситуација , но предвидувале дека бројот на електрични полначи ќе го надмине оној на бензинските следната, 2020 година.

Сакала да сними селфи со коза , па добила нокаут (ВИДЕО)

Многу луѓе сакаат да се сликаат со животни , но речиси секогаш забораваат да видат дали и животното е расположено за фотографирање.

Тоа на своја кожа го почувствува девојка , која сакаше да се слика со коза. Но , козата имаше други планови.

Во еден момент , кога девојката сакаше да направи совршено селфи со коза, животното се приближи и ја удри со глава по главата и ја нокаутира.  

Рајан Рејнолдс се пофали со посебен подарок од сопругата

Рајан Рејнолдс и неговата сопруга Блејк Лајвли се едни од ретките холивудски двојки , познати по складниот и мирен брак.

За да докаже колку го сака сопругата , Рејнолдс се пофали со подарокот од Блејк. Тој доби уметничка слика на која е прикажамна сега холивудската ѕвезда како разнесувач на весници , што била неговата прва работа во родниот Ванкувер. ,, Мојата прва работа беше да доставувам весници за Ванкувер Сан. Куќата што е прикажана е домот на моето детство. Моите браќа и јас поминавме години обидувајќи се да се убиеме на тој тревник. Куќата веќе не постои, но таа живее во мојата глава “, објасни Рајан во објавата на Инстаграм, додавајќи дека тоа е најдобриот подарок што го добил досега.

На крајот, актерот се пошегувал за својата сопруга, како што обично си прават еден на друг: „Ова уметничко дело е најдобриот подарок од мојата сопруга. Ако некогаш се запалиме, тоа ќе биде првото нешто што ќе го спасам. По Блејк ќе се вратам "

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Happy Birthday to 2018’s Sexiest Voter Alive @vancityreynolds #justvoted 📬🎉#absenteeballot party!

A post shared by Blake Lively (@blakelively) on

Неговите обожаватели се воодушевени од идејата на Блејк и од начинот на кој двојката меѓусебе се изненадува. „Ова е прекрасно“, „Каде можам да најдам таква жена“, „Неверојатна“, „Чувај ја засекогаш“, му напишаа во коментарите.

притисни ентер