Ферари ќе престане да прави мотори за Масерати

Производителот од Маринело во наредните 2-3 години ќе го прекине производството на мотори , што се наменети за моделите на Масерати.

Двајцата познати италијански производители на спортски автомобили заедно беа под капата на Фиат Крајслер Аутомобилес до 2015 , кога Ферари , по одлука на раководството се оддели во посебна компанија , за потоа неговите акции да се појават и на берза.

И покрај тоа Ферари продолжи со производството на V6 и V8 моторите за потребите на Масерати и тоа за речиси сите модели како што се Ghibli, Quattroporte, Levante, GranTurismo и GranCabrio.

Двете компании имаат договор за ваквотот производство , но од Масерати најавија дека по истекот на договорот , немаат намера да го продолжат.

Од Ферари најавија дека испораката на мотори ќе запре во 2021 или 2022 , а велат и дека тоа ќе биде добро зашто ќе може да се насочат на производство на мотори со нови технологии.

Mасерати од 2002 ги користи моторите на Ферари.

Преубавата манекенка ги воодушеви своите фанови

Таа се прослави како заштитно лице на познатиот бренд  „Викторија Сикрет“

Преубавата манекенка Роми Стријд ги воодушеви своите фанови ширум светот со новите атрактивни фотографии. Оваа убавица од ден во ден станува се повеќе популарна. Дефинитивно никој не може да остане рамнодушен на нејзината убавина.

Крај за „McLaren 600LT“ после една година произведување

Како што најавија од компанијата „McLaren“ после една година е окончано производството на моделот „600LT“ и на тој начин го прават овој модел уште по ексклузивен.

Последните примероци од овој модел го напуштија погонот за производство и со тоа „McLaren“ заврши уште еден успешен дел од својата историја.

Видео: Најдолгиот зиплајн на светот

На планината Јебел Јаис во Обединетите Арапски Емирати, се наоѓа најдолгиот зиплајн на светот. Долг е скоро три километри.

На овој зиплајн можете да достигнете брзина од дури 170 Км/ч, погледнете во видеото како тоа изгледа во пракса.

притисни ентер