Интер го купува Ракитиќ за 50 милиони евра

Англиските медиуми објавија дека Интер се договорил со Барселона за доаѓање на Иван Ракитиќ во клубот од Милано.

Каталонците за Ракитиќ би добиле обештетување од 50 милиони евра. Додаваат дека Интер е решен да му се доближи на Јувентус , а можеби и да му ја земе шампионската титула следната сезона.

Покрај со Ракитиќ , Интгер планира да се засили и со Антониот Конте, кој би го заменил Лучијано Спалети на тренерското место.

Ракитиќ во Барселона освои четири шампионски титули во Шпанија , четири купа и една титула во Лигата на шампионите.

Дејан Недев европски шампион во кати на ЕШ во Питешти

Одличен настап на македонските каратисти на ЕП во Романија. Повеќе кратниот македонски шампион во карате Дејан Недев освои златен медал во кати на ЕШ во Питешти..

 Ова е  7-ма европска титула за Дејан Недев  во неговата долга и богата кариера.

Јадранка Недева исто така освои златен медал во кати кај сениорките, а Матеј Ангеловски освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите.

Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал. Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медали.

Натпреварите се сеуште во тек на кој треба да настапи Матеј Ангеловски во дисциплината кумите за сениори. На ЕШ во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји. Со почит МТКФ.

Македонските ракометари подготвени за реванш против Грција

Македонската машка ракометна сениорска репрезентација денеска со пресметката против Грција во Струмица ги завршува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Ова е дуел на кој нашата селекција со позитивен резултат ќе го потврди првото место на табелата, односно ако дојде до истиот ќе им се реваншира на Грците за шокантниот пораз од првата средба.

 Денешниот дуел се игра од 18 часот, а пред истиот селекторот Данило Брестовац направи три промени во составот во однос на претходниот натпревар одигран против Турција..

Торонто и цела Канада ја прослави историската победа во НБА (ВИДЕО)

Илјадници навивачи на Торонто Репторс излегоа на улиците за да ја прослават историската титула на новниот тим , кој ја освои шампионската титула на НБА лигата.

Кошаркарите на Торонто Рапторс ја освоија титулата , откако на гости го победија Голден Стејт со 114-110 во шестиот натпревар на финаклната серија и со тоа на Канада и ја донесоа првата кошаркарска победа во НБА во историјата.

Не само во Торонто , низ цела канада се славеше со песната ,,Ние сме шампиони!”. ,,Тако правиме ние од северот.” ; напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер со честитка за победата.

притисни ентер