Германија отвори е-автопат за камиони (ВИДЕО)

Идејата за тролејбуси во комбинација со новите технологии би можело да биде ново решение за превозот со камиони и намалување на загаденоста од издувни гасови.

Во Германија затоа воведоа е-автопат со цел да го намалат загадувањето од издувните гасови на камионските дизел мотори. На овие автопати , има електрични спојки , слично како кај тролејбусите , напојувани од еднонасочна струја . Првата делница во должина од 10 километри почна да функционира.

Технологијата ја разви компанијата Сименс , а системот овозможува камионите да се приклучат на електричната мрежа и да возат со брзина од 90км/час. Додека се на е- автопатот , камионите возат на електрична енергија , а потоа продолжуваат на дизел.

Според Сименс , сопствениците на камиони на овој начин може значително да заштедат. Така на поминати 100 000 километри , би заштедиле 20 000 евра за гориво.

Германската влада за овој систем потроши 70 милиони евра . Новиот е- автопат гхи поврзува аеродромот во Франкфурт со индустриската зона и чини 15 милиони евра. Наскоро владата најавува отворање на две нови делници. Слични технологии во моментов се тестираат во САД и во Шведска.

притисни ентер