Ременски : Денеска добивме вистински претседател на сите граѓани - Канал 5

Ременски : Денеска добивме вистински претседател на сите граѓани

Пратеничката од СДСМ , Фросина Ташевска- Ременски веднаш по инаугурацијата на новиот претседартел Стево Пендаровски рече дека конечно државата ќе се оттргне од стегите на минатото и ќе тргне по европскиот пат.

Ременски : Денеска добивме вистински претседател на сите граѓани

,,Убедени сме дека Пендаровски ќе води напред , ќе биде водилка на напредокот , развојот и интеграцијата во ЕУ и во НАТО и гарант на процесите кои обезбедуваат сигурна и стабилна иднина. Меѓу првите чекори очекуваме да ги потпише блокираните закони , кои се од исклучителна важност за граѓаните. Зад претседателот Пендаровски застанаа претставниците од сите етнички заедници во земјата и тоа ја јакне државата како мултиетничказ аедница. “ , рече Ташевска-Ременски .

YouTube video

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје.

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Апелираме до граѓаните да не креваат паника – овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе.

Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна експанзија и недостиг на храна. Ова не е закана, туку јасен сигнал дека и тие бараат начин да опстанат.

Лисиците се плашливи, интелигентни и претежно ноќни животни кои се плашат од луѓето и избегнуваат контакт. Присуството на лисици во урбана средина не значи дека се болни или агресивни. Напротив, во многу големи градови како Лондон, Берлин, Торонто, па и Љубљана, лисиците веќе се дел од урбаната дива фауна и живеат паралелно со луѓето без никакви инциденти.

Што треба да направите ако видите лисица?

• Не обидувајте се да ја бркате, фаќате или храните.

• Не оставајте остатоци од храна или отворени канти за ѓубре, затоа што тоа ги привлекува.

• Ако сте со домашно милениче – држете го на поводник и останете смирени, лисицата ќе избега.

• Пријавете ако видите повредена или залутана лисица.

Лисиците се дел од природата на нашата земја. Нека незнаењето не биде храна за ирационален страв и отпор. Наместо тоа, потребна ни е свесност, почит и разбирање кон овие животни кои се обидуваат да опстанат. Ве повикуваме да бидеме град кој живее во хармонија со природата.

Активисти на

Анима Мунди

Воедно, побаравме мислење од Македонското Еколошко Друштво (МЕД), а дел од нивниот коментар го споделуваме во продолжение:

Лисиците се редовни жители на Водно и често се забележуваат и во градските населби како Жданец, Водно, Козле и Нерези. Забележувањето на мајка со млади е јасен показател дека се работи за здрави единки.

Лисиците, како и другите животни кои се опортунисти во исхраната, лесно може да бидат привлечени во градските и селските средини од органски отпад кој не се селектира и не се собира редовно.

Здружение за заштита на животни „Анима мунди“

Србија: Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените

Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на повредените од пожарот во Кочани.

Србија: Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените

Студентите кои се во блокада денеска поднесоа кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против претседателот на Србија Александар Вучиќ, обвинувајќи го дека „поради рејтинг“ ги посетил повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, во Клиничкиот центар на Србија.

„Не сакаме политички конфликти, не бараме одмазда, туку одговорност“, порачаа студентите пред зградата на обвинителството, пренесува Бета.

Претставник на студентите, кој не се претстави, во прочитано обраќање истакна дека Вучиќ влегол во болницата без заштитна маска и ракавици, во придружба на поединечни медиуми, додека пред него лежеле пациенти во болки.

- Тоа не беше само арогантен гест, туку и понижување на здравствениот систем и на повредените луѓе. Изгорената кожа не е рекламна табла. Правда за нив е правда за сите, изјави студентот.

Студентите му порачаа на обвинителството дека не молат, туку бараат да постапува согласно законот, а не од страв.

На студентите им се приклучи и Здружението на здравствени работници, кои на голем транспарент истакнаа парола „Здрав систем, здрави луѓе“, додека студентите носеа транспарент со цитат од законикот на цар Душан дека судиите се должни да постапуваат според законот, а не од страв од власта.

Групата студенти од Правниот факултет, кои го носеа транспарентот додека маршираа до обвинителството, им се придружи и група студенти што тргнаа од Медицинскиот факултет.

Собраните пред обвинителството во 11:52 часот одржаа и акција „16 минути тишина“ во спомен на 16-те загинати при уривањето на реконструираната кровна конструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица.

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица.

- Создаваме навремени услови за подостапен пристап до јавниот транспорт во овој дел од општината. Подобрата поврзаност е предуслов за развој и за унапредување на секојдневието на жителите, се наведува во пишаната изјава на градоначалникот Александар Стојкоски.

Со овој зафат, како што нагласуваат од Општина Ѓорче Петров, се унапредува пристапот до железничкиот транспорт, а истовремено се подобрува и вкупната сообраќајна поврзаност во Волково.

- Општина Ѓорче Петров останува посветена на изградбата и реконструкцијата на инфраструктурата, со цел да обезбеди подобри услови за живот за сите граѓани, се додава во соопштението.

притисни ентер