Ауди произведе суперболид со 500 КС , посилен од Ферари (ФОТО)

Тунираните компакт автомобили веќе се натпреваруваат со суперболидите произведени  само пред неколку години.

Полека , но сигурно популарните компакт модели ја минуваат границата од 300 коњски сили , како што се новиот Мерцедес А45 AMG или новиот Голф R , кои имаат сила над 400 Кс.

Во ова друштво се смести и новиот Ауди RS3 , чиј петцилиндерсаки мотор дава 400 Кс. Но , неговиот туниран модел ја зголеми силата за 100 Кс и има 570 Нм.

Со таква поддршка Ауди RS3 за само 3,7 секунди постигнува брзина од 0-100 км/час и не се заморува се до 299 км/час.

Како за споредба, еден Ферари F430 до 100 километри стигнува за 4 секунди , но не треба да се потценува , зашто максималната брзина достигнува и над 300 км/час.

Ламборџини не е веќе на врвот на уличните суперболиди (ВИДЕО)

Ламборџини веќе не е сопственик на рекордот на патеката во германскиот Хокенхајм , а титулата му припадна на најлутиот конкурент.

Се разбира , тоа е Ферари. Го победи суперспортскиот болид Aventador SVJ на Ламборџини , и тоа не само на патеката во Хокенхајм , туку и на онаа во Нирнберг.

Ферари во верзијата Писта побрз беше за 1,4 секунди со време од 1:45.9 и со тоа време се приближи до она на тркачките болиди. Верзијата Писта ја движи 3.9 литарски твин турбо V8 мотор со 720 Кс и 770 Нм .

За соборување на рекордот на Ламборџини е заслужен и возачот Кристијан Гебхарт.

Пајак во Австралија улови и изеде опосум (ВИДЕО)

Страшни фотографии објави Џастин латон , кои ги снимил нејзиниот сопруг , а на нив се гледа како огромен пајак лови и јаде опосум , вид мал торбар што личи на стаорец.

Во Националниот парк Маунт Филд на Тасманија сопругот на Џастин Латон снимил неверојатна борба. За научниците станува збор за навистина редок феномен.

Големите пајаци кои живеат во Австралија и на Тасманија знаат да изедат мало пиле , жаба или влекач , но не и опосум. Опосумот има тело долго од 5 до 11 сантиметри со тежина од 7 до 43 грама.

Видот опосуми што на снимката се гледа како жртва на пајакот е од поголемите , кои достигнуваат до 11 сантиметри должина и од 15 до 43 грама тежина.

Во 2016 Австралиец од државата Квинсленд сними кај него дома слично шокантно видео- пајак кој преку фрижидерот во неговиот дом носи глушец.

Фејсбук ја претстави својата криптовалута со која имаат големи планови

Компанијата Фејсбук денеска го објави планот за лансирање на криптовалутата либра , така што од секторот социјални мрежи се шири кон онлајн трговија и глобално плаќање.

Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.

Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .

Се надеваат дека со стартот на либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.

По првата година , Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.

Компанијата основа и филијала наречена Калибра , која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење , праќање пари и потошувачка на либра.

Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.

притисни ентер