Шеќеринска: Сите можат да подлежат на кадровски поместувања

Во најавената операција ,,Метла” нема да биде поштеден никој, ако не ги исполнил очекувањата, вели вицепремиерката Шеќеринска.

Никој не може да се изземе од евентуална смена – порача Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска во врска со тоа кои функционери ќе бидат зафатени со операцијата Метла. Кадровски поместувања ќе има, вели Шеќеринска, но за тоа кој ќе биде на удар ќе се знае по инаугурацијата на новиот шеф на државата.

Во врска со изјавата на министерот за екологија Садула Дураку дека никој не може да се меша околу можни кадровски смени на функционери од ДУИ, Шеќеринска одговори дека намерата не е како рече преку партиски пазар да се поделат министерствата, туку ќе се разговара во рамки на целиот коалициски блок.

Околу унапредувањата во Генералштабот кои ги направи претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов, Шеќеринска рече дека одлуката на Антикорупциска со која ги прогласи за незаконски покажува дека за него не важеле законите.

Освен министри, најавената реконструкција треба да опфати и градоначалници, директори но и пратеници. Разместувања се најавуваат и во информатичко општество, образование, земјоделство и здравство. Првиот нов функционер се очекува да седне во испразнетата министерска фотеља во култура, ресор кој повторно ќе припадне на човек од Алтернатива. Освен во Владиниот кабинет, премиерот Зоран Заев најави промени и во партиските структури, каде веројатно ќе треба да заминат барем двајца од раководството на партијата.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер