Лепа Брена позираше со легендарната Надиа Команечи

Лепа Брена и Надиа Команечи , иако се во поодминати години , се преубави жени , а тоа го докажаа вчеравечер на роденденот на романскиот бизнисмен Ион Тириак.

Бизнисменот го прослави 80. роденден во Мадрид , каде се појавија сите негови пријатели , како и кумовитге Лепа Брена и Боба Живоиновиќ. Фолк ѕвездата и најдобрата гимнастичарка на сите времиња ги воодушевија фановите.

Брена на роденденот пристигна со шешир и очила за сонце , додека поранешната романска гимнастичарка имаше бел фустан од чипка со длабоко деколте.

Надиа Команечи е најдобрата гимнастичарка во историјата и годинава ќе го прослави58. роденден. Таа од 1989 живее во САД , каде пребегна од комунистичкиот режим во Романија. Во 1996 се омажи за Барт Конер , кој поради неа премина во православието , а по 10 години брак го роди синот Дилан Пол Конер.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер