За да го купите ова возило , треба да се пријавите за лет во вселената (ВИДЕО)

Специјалното издание на Ленд Ровер нема да може да купи секој . 

Новиот Range Rover Astronaut Edition може да го купат само оние кои планираат да одат во вселената . И тоа не сите , туку само купувачите , кои ќе се определат да летаат во вселената преку компанијата Вирџин Галактик. Новиот Ренџ Ровер за космонаути има ексклузивна изведба.

Освен сината вселенска нијанса, во страничните ретровизори се вградени светла , кои на асфалтот ќе оставаат знак во облик на леталото SpaceShip Two. Внатре е вграден дел од леталото , кое минатиот декември прв пат леташе во вселената.

Откако купувачот ќе замине и ќе се врати од вселената , ќе добие сувенир што ќе може да го вгради во Роверот , покрај другите детали како чашата со цитат и порака за лет , како и планот за летање во вселената.

Новиот Ровер е плаг-ин хибрид со над 400 КС и електричен дострел од 42 километри. Освен што ќе треба да плати четврт милион долари само за летот , купувачот ќе треба да одвои и нешто помалку од таа сума за новиот Ренџ Ровер.

Видео: Погледнете како изгледа островот за богати и славни во Мајами

Островот на милионерите е приватен остров на кој живеат само 42 луѓе а има 34 куќи.

Се работи за Индијан Крик Вилиџ во заливот Вискејн во Мајами а некои од неговите жители се супермоделот Адријана Лима, пеаќот Хулио Иглесиас и инвеститорот Карл Ајкан.

Островот е обезбедуван од приватна полиција а секоја куќа е сместена во првиот ред до морето за сите да можат да уживаат во погледот.

Центарот има и игралиште за голф а куќите од овој комплекс ретко се наоѓат на продажба.

Моментално се продава само една и тоа за 24 милиони долари.

Неверојатна приказна,го проголтала вереничкиот прстен додека спиела

Јена Еванс од Калифорнија завршила на операција откако во сон го проголтала сопствениот веренички прстен.

Таа сонувала дека со вереникот Боби се на вечерен воз на кој има група негативци .

Вереникот во сонот и рекол дека треба да го проголта прстенот за негативците да не го одземат. Таа го ставила прстенот во уста, го проголтала и се напила чаша вода. Во теј момент се пробудила, сфатила дека се работи за сон и продолжила да спие.

Кога утрото се разбудила видела дека и го нема прстенот. Тогаш таа сфатила дека не баш се било сон...

„Го разбудив мојот вереник и му реков дека сум го проголтала прстенот. Мислам дека не ми поверува веднаш. Долго време се смеевме а потоа и се јавивме на мојата мајка а тогаш уште посилно се смеевме“ раскажува Јена на својот Фејсбук профил.

Таа потоа отишла во болница каде што ја снимале и откриле дека навистина има прстен во нејзиниот стомак.

Докторите ја успале Јена и со ендоскопија го извадиле прстенот кој му го дале на вереникот Боби.

Боби и го дал прстенот на Јена а таа му ветила дека никогаш повеќе нема да го загуби.

„Абарт 595 Писта“ е златна средина

Новиот модел е замислен како опција помеѓу стандардниот „595“ и поскапата верзија „Туризмо“.

„Абарт“ ја претстави „Писта“ верзијата на моделот „595“ кој е заснован на „Фиат 500“. Произведувачот соопшти дека овој автомобил во поглед на цената е позициониран измеѓу базичната верзија на „595“ и „595 Туризмо“.

Сепак „595 Писта“ има мотор со иста јачина како и „Туризмо“. Тоа значи дека под хаубата се наоѓа 1.4 литарски турбо- бензин мотор со165 коњски сили.

Силата на предните тркала се пренесува преку автоматизиран мануелен менувач кој во суштина работи како автоматик но брзините можат да се менуваат и рачно.

Од „Абарт“ се пофалија дека овој автомобил во петта брзина забрзува од 80 до 120 км/ч за 7,8 секунди а неговата максимална брзина е 218 км/ч.

За „595 Писта“ да може безбедно да запре ставени се специјални сопирачки со дискови чиј пречник е 264 мм напред и 240 мм назад.

притисни ентер