Брод во кој загинале стотици мигранти изложен во Венециското биенале (ВИДЕО)

Брод во кој при потонување пред четири години загинаа стотици мигранти е изложен на Биеналето во Венеција во рамките на уметничката инсталација на уметникот Криштоф Бухел.

Оваа трагедија, која се случила помеѓу Либија и италијанскиот остров Лампедуса, се смета за една од најголемите во Медитеранот.Се проценува дека загинале околу илјада мигранти, а бродоломот го преживеале само 28 луѓе.

Целта на изложениот брод е луѓето да ги помнат овие настани и да не затвораат очи кон проблемот со кој се соочуваат луѓето во најпогодените региони.

притисни ентер