Пендаровски: Со овие избори покажавме дека земјава може да се однесува европски - Канал 5

Пендаровски: Со овие избори покажавме дека земјава може да се однесува европски

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска од Државната изборна комисија го доби уверението за претседател на државата.

Пендаровски: Со овие избори покажавме дека земјава може да се однесува европски

Според него, со овие избори, земјава покажала дека може да се однесува европски, а институциите да работат професионално.

За потпишување на законите кои не ги потпиша досегашниот претседател Ѓорге Иванов ќе се консултира својот правен тим што ќе го доекипира наредната недела. Најави дека ќе учествува во реформите на разузнавачките служби кои се под надлежност на претседателот. Политички реваншизам, рече, нема да има, ниту во институциите под надлежност на претседателот, ниту во претседателскиот кабинет. Сите кои професионално работеле, како што потенцира, ќе продолжат да работат, а секој кој го прекршил законот треба да одговара.

-Прв пат од деведесеттите години навака сите учесници од изборниот процес го признаа изборниот резултат. Тоа се случува по 25 години и е исклучително добра препорака за нас како држава во пресрет на јунскиот самит на ЕУ. По децении и децении државата покажа дека може да се да се однесува европски и институциите да бидат професионални и непартиски, рече Пендаровски.

Доплни дека по примопредавањето на функцијата заедно со досегашниот претседател Ѓорге Иванов ќе има средби со вработените, на кои ќе им каже дека нема од што да се плашат.

-Политичкиот реваншизам треба да биде минато во оваа земја. Кој прекршил закон ќе одговара, кој си работи како треба, стручно, треба да остане на работа независно деали е припадник на партијата на власт, на опозиција или не е припадник на ниедна политичка партија, истакна Пендаровски.

Во врска со законите што не ги потпиша Иванов, Пендаровски напомена дека ќе се обиде најбрзо можно во текот на следната недела да го доекипира неговиот правен тим, бидејќи, како што рече, не сака да потпишува „на слепо".

-Неколку од тие закони знам, но не сите, над дваесет кои се поминати во прописна собраниска процедура. Потоа во најбрз можен рок, ќе ги потпишам. Претспоставувам дел од нив ќе бидат потпишани уште во првите неколку дена по моето влегување во Кабинетот, потенцира новоизбраниот претседател.

Тој најави дека темелно ќе се зафати со реформи на безбедносните служби кои се под негова надлежност, чии злоупотреби биле и најголеми приочини за длабоката политичка криза во 2015 година, Во таа насока, додаде, веќе е направено доста, како издвојување на Петтата управа и формирање на ОТА, а ќе се работи на издвојување на УБК и на координација меѓу сите служби.

-Имам намера да учествувам темелно во реформата на тие служби бидејќи значајни сегменти се уште се нереформирани, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ќе се служи со лица од Агенцијата за разузнавање кои биле вмешани во одредени немили настани.

Претходно, ДИК на седница ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата.

Утре Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието , со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции.

Вршителот на должност во Амбасадата на Катар изрази силна поддршка за реализација на ваквите иницијативи, со уверување дека Катар останува посветен на зајакнување на правната соработка со Северна Македонија.

Претседателот Костадиновски на средбата ги презентираше досегашните активности на Судот, кои се во насока на доследно реализирање на неговата уставна улога и промовирање на транспарентноста и владеењето на правото.

Беа разменети мислења за работата и надлежностите на Уставниот суд, Заеднички беше констатирано дека традиционалното пријателство помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива и да се унапредува, особено во полето на уставното судство.

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци, 36-годишна кавадарчанка пријавила дека на 19.06.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Оттаму споделија дека рано утрово, пак, во 01.05 часот во ОВР Кавадарци, 29 - годишната И.Т. од овој град, пријавила дека на улица „Словенска“ во Кавадарци, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од друг малолетник. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Средба Петар Богојески - Христијан Мицкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Согласно Одлуката на Претседателството на политичката партија Македонски Концепт од 23.06.2025 година, денес остварена е официјална средба помеѓу претседателот д-р Петар Богојески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, на која беше констатирано следното:

Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети.

Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа.

Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Со почит,

ЦКА на Македонски Концепт

притисни ентер