Старлетата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест добија и четврто дете. Суриогат мајка денеска им роди момче. ,,Тука е и совршен е !” , напиша Ким на Твитер.
Малку подоцна напиша дека малото синче изгледа исто како нивната најмлада ќерка Чикаго . ,,Сигурна сум дека со време ќе се смени , но сега изгледа исто како неа.”, додаде славната старлета.
Првите две деца , Норт и Сеинт , кои имаат 5 и 3 години ги роди Ким, додека Чикаго , која има 1 година и новороденото ги роди мајка сурогат.
Kардашијан и нејзиниот сопруг решија да користат сурогат мајка затоа што Ким имаше здравствени проблеми за време на претходните бремености и секоја наредна бременост би била премногу ризична.