Електричниот Фолксваген урива рекорди – првиот ден над 10 000 резервации

Неодамна отворената листа на нарачки на новиот електричен автомобил на Фолксваген ИД3 би можела да биде затворена , а производителот да се најде на слатки маки.

И покрај тоа што автомобилот нема во наредните месеци воопшто да биде откриен во јавноста , како ни техничките податоци , илјадници се подготвени да платат на невидено. Во првите 24 часа од објавувањето дека ќе почне производството на револуционерниот компакт , пристигнале над 10 000 резервации , а Фолксваген инкасира 10 милиони евра.

Во германската компанија не очекуваа ваков интерес , па во одделни моменти паѓаше и системот за пријавување , поради големиот број заинтересирани.

Сепак , рекордот останува кај Тесла 3 , кога за новиот модел во првите 24 часа пристигнаа 180 000 резервации. Интересот за Фолксваген и неговито нов електричен автомобил  е рекорден во европски рамки.

Овој автомобил се знае дека ќе има дострел од 420 км со едно полнење , а цената ќе биде под 40 000 евра, додека за најефтината верзија се очекува цена пониска и од 30 000. Во Фолксваген велат дека веќе ги произвеле првите 200 возила , но првите испораки се најавуваат за следната година.

Во фабриката во градот Цвикау се предвидува годишно да се произведуваат по 330 000 електрични возила , со што ова ќе стане најголемиот погон за таков вид возила во Европа.

Ламборџини не е веќе на врвот на уличните суперболиди (ВИДЕО)

Ламборџини веќе не е сопственик на рекордот на патеката во германскиот Хокенхајм , а титулата му припадна на најлутиот конкурент.

Се разбира , тоа е Ферари. Го победи суперспортскиот болид Aventador SVJ на Ламборџини , и тоа не само на патеката во Хокенхајм , туку и на онаа во Нирнберг.

Ферари во верзијата Писта побрз беше за 1,4 секунди со време од 1:45.9 и со тоа време се приближи до она на тркачките болиди. Верзијата Писта ја движи 3.9 литарски твин турбо V8 мотор со 720 Кс и 770 Нм .

За соборување на рекордот на Ламборџини е заслужен и возачот Кристијан Гебхарт.

Пајак во Австралија улови и изеде опосум (ВИДЕО)

Страшни фотографии објави Џастин латон , кои ги снимил нејзиниот сопруг , а на нив се гледа како огромен пајак лови и јаде опосум , вид мал торбар што личи на стаорец.

Во Националниот парк Маунт Филд на Тасманија сопругот на Џастин Латон снимил неверојатна борба. За научниците станува збор за навистина редок феномен.

Големите пајаци кои живеат во Австралија и на Тасманија знаат да изедат мало пиле , жаба или влекач , но не и опосум. Опосумот има тело долго од 5 до 11 сантиметри со тежина од 7 до 43 грама.

Видот опосуми што на снимката се гледа како жртва на пајакот е од поголемите , кои достигнуваат до 11 сантиметри должина и од 15 до 43 грама тежина.

Во 2016 Австралиец од државата Квинсленд сними кај него дома слично шокантно видео- пајак кој преку фрижидерот во неговиот дом носи глушец.

Фејсбук ја претстави својата криптовалута со која имаат големи планови

Компанијата Фејсбук денеска го објави планот за лансирање на криптовалутата либра , така што од секторот социјални мрежи се шири кон онлајн трговија и глобално плаќање.

Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.

Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .

Се надеваат дека со стартот на либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.

По првата година , Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.

Компанијата основа и филијала наречена Калибра , која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење , праќање пари и потошувачка на либра.

Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.

притисни ентер