Со ГМО вирус излекувана смртоносна инфекција од супербактерија

Британска тинејџерка е успешно излекувана од инфекција со супер бактерија со помош на ГМО вирус , што е прв ваков случај во светот.

17- годишната Изабела Холдавеј две години се бореше за животѕ по трансплантацијата на белите дробови . Се заразила со супербактерија и антибиотиците немале никакво дејство. ,,Ја изгубивме надежта . Ни кажаа дека шансата за преживување е помала од 1%.”, вели мајката на Изабела, Џо Холдавеј. Но , откако докторите и дале коктел на бактертиофаги , односно вируси кои не ги напаѓаат човековите клетки , но се модифицирани за убивање бактерии , Изабела целосно се опоравила.

,,Сега ги прави сите работи како и другите нејзини врсници. А ми рекоа да не се надевам премногу ,зашто терапијата е експериментална.”, додава мајката. Докторите ги испитуваат дејствата на бактериофагите речиси цел век , но имаше редуцирана употреба зашто вирусите набргу еволуираа , така што не беа доволно ефикасни во справувањето со бактериите.

Но случајот со Изабела покажа дека генетски модифицираните вируси може да имаат исклучителен ефект против одредени видови бактерии , па дури и против оние на кои не делуваат познатите антибиотици. Изабела е првиот пациент на светот врз која се употребени овие вируси и се покажа за ефикасен метод , но докторите од британската клиника велат дека оваа метода ќе треба уште многу да се испитува за да почне масовно да се применува.

Во нејзиниот случај , инфекцијата се појавила пред две години на хируршката рана и се проширила на црниот дроб и на белите дробови, така што по девет месеци во болница веќе не реагирала на антибиотици.

Во јуни 2018 Изабела почнала да прима инфузии со бактериофаги , примајќи милијарди вируси во исто време , а по шест недели инфекцијата се повлекла од нејзиниот црн дроб.

Хаос во Дубаи: Невиден дожд го поплави градот, авионите приземјени (ВИДЕО)

Дубаи, и пошироко Обединетите Арапски Емирати, беа погодени од силно невреме викендов, што предизвика поплави и ги прекина летовите на најпрометниот аеродром во светот.

Речиси 50 милиметри дожд паднаа во Дубаи за само шест часа.

Властите испратија екипи да ги отстранат дрвјата од патот и да ги отворат одводните решетки, иако дождот брзо покри некои области.

Полицијата затвори делови од автопатот, а прекинати се и летовите за компаниите Емирати и ФлајДубаи.

На социјалните мрежи се објавени видеа кои сведочат дека патиштата се целосно поплавени.

Властите претходниот ден ја предупредија јавноста за претстојното невреме, а подготвен беше и персоналот за итна помош.

Дождот е невообичаен во оваа област, но повремено се појавува во постудените зимски месеци.

Страшно невреме во Хрватска: Соборени дрвја во Загреб, снег на планините

Пожарникарите во Загреб и во Осиек денеска имаа бројни интервенции поради ветрот кој кршеше гранки.

Наглиот пад на температурата во Загорје донесе снег, а во исто време во 15 часот во Шибеник изнесуваше 25 степени.

Силна промена на времето стигна и во Хрватска, додека вчера беше речиси 30 степени, а денеска паѓа снег во Загорје, јавува 24сата.хр.

„Нестабилно и постудено од просекот е кон средината на април. Променливо и претежно облачно на копното, а на Јадранот променливо сончево. Во првиот дел од денот дожд на исток, врнежи и грмежи во Далмација. Попладне можни се локални врнежи од дожд во внатрешноста и во северниот дел на Јадранот, а во Горска Хрватска паѓа снег и дува умерен ветер од северен правец“, прогнозираат од ДХМЗ.

Со дрвјата се бореше и противпожарната служба на градот Осиек. Гранки, како што известија, паднале врз автомобили.

„Од 7 до 12:30 часот извршивме 12 интервенции, два пожари, осум интервенции главно поврзани со отстранување на гранки и дрвја, едно отстранување на лим и еден увид во врска со автомобил во Сава“, рече наредникот на противпожарната служба Синиша Џембрич.

Муцунски пред пензионерите од Аеродром: Вашето искуство и вашата мудрост се непроценливо важни

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот, Дејан Митески денеска присуствуваа на настан на кој беше одбележана 15-годишнината од формирањето на Здружението на пензионери – Аеродром.

Во рамки на своето обраќање Муцунски истакна дека искуството и мудрост на пензионерите се непроценливо важни во создавањето подобра општина, а Општина Аеродром секогаш е отворена за предлозите, сугестии и забелешките што доаѓаат од нивна страна.

Тој се заблагодари за поддршката која пензионерите ја даваат на општината и нагласи дека и понатаму тој и Општина Аеродром остануваат отворени за соработка.

„Како заедница, општина, но и како држава мораме поактивно да работиме на подобрување на статусот на пензионерите и решавање на предизвиците со кои тие се соочуваат во животот. И понатаму, лично ќе се заложувам Општина Аеродром да биде важен партнер во реализација на нивните планови и активности“, потенцираше Муцуски во своето обраќање пред пензионери, се наведува во соопштението.

притисни ентер