Отворен македонскиот павилјон на годинашното Биенале во Венеција со перформансот „Црвена дискусија“ на Нада Прља

Во рамките на 58-та, една од најзначајните меѓународни манифестации за визуелни уметности, Биеналето во Венеција, беше отворен и македонскиот павилјон.

Државава се претстави со проектот ,,Субверзија во црвено” на уметницата Нада Прља во Палацо Рота Иванчиќ со перформативното уметничко дело „Црвена дискусија“.

Како што се наведува во соопштението од Владата , учеството на Република Северна Македонија на годинашното Биенале го прогласија за отворено Мира Гаќина директор на Музејот на современата уметност (МСУ), кој оваа година е носител на нашиот настап, Јованка Попова куратор на изложбата, со пригодни поздравни говори на Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија и Роберт Алаѓозоски, национален координатор за култура.

Како одговор на темата „Да живеете во интересно време“, избрана од кураторот на годинашното Биенале Ралф Ругоф, проектот на Нада Прља „Субверзија во црвено“ поттикнува враќање кон „заборавените“ идеи за идеализмот и идеологијата, како вид на мотивација за современото општество.

Проектот користи различни уметнички и не-уметнички методологии, вклучувајќи ја Црвената дискусија II, експериментален настан во живо со неколку современи мислители и куратори ангажирани во трансформативни практики, меѓу кои Чарлс Еше, Маурицио Лазарато, Влад Морариу (модератор), Шантал Муф, Лаура Раикович, Артан Садику, кои заеднички ќе се обидат да најдат излезни стратегии од сегашните услови на социјална несигурност и експлоатација, преку дефинирање на алтернативни услови за „интересното време“ во кое живееме.

Изложбата ја вклучува и инсталацијата „Суптилна субверзија“, инсталација која редефинира серија на историско значајни уметнички дела од 1960-тите од колекцијата на МСУ Скопје, колекција заснована на концептот на Солидарност, како еден од клучните постулати на левичарската мисла и клучна аспирација на овој проект.

Историско осмо место на Тамара со „Proud“ на Евровизија

Историска ноќ за Македонија во Тел Авив.Спектакуларен настап на нашата Тамара Тодевска во финалето на Евросонг 2019!

На фантастичната бина во Тел Авив во Израел, нашата Тамара блесна на сцената и сосема заслужено стигна до историскиот пласман на осма позиција со 295 поени на изборот за песна на Евровизија.

Песната  „Proud“ ја освои публиката од цела Европа, Тамара првиот дел од гласањето на телевизиските жирија го заврши на втората позиција со 237 гласови ,со само два бода помалку од водечката Шведска.

Во гласањето од публиката добивме скромни 53 бода за на крајот да го оствариме најдобриот пласман во историјата на еден Евросонг, рекордното осмо место.

Песната „Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.

Победник на годинешниот избор за песна на Евровиија е претставикот на Холандија Данкан Лоренс кој и пред годинешниот избор беше главниот фаворит за победа кај обложувалниците..

Спектакуларниот Евросонг со својот настап го надополни специјалната гостинка кралицата на светскиот поп Мадона, која исполни две песни во придружба на хор и раперот Кваво.

Заев со Вучиќ на отварање на јужниот крак на коридорот 10 кон Македонија

Отворена за сообраќај последната делница на јужниот крак на коридорот 10 низ Грделичка клисура чија градба траеше шест години.

Свеченоста заврши со спектакуларен огномет. „Можете да се гордеете со она што го направивте за вашите деца и нашата иднина“, порача српскиот претседател  Александар Вучиќ.

„Коридорот 10 е вистинска европска вредност на поврзување и на комуникации“, изјави премиерот Заев кој беше на свеченото отворање на автопатот.

Со отворањето на оваа делница,  Србија преку коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на  Македонија до границата со Унгарија.

Од Белград за Скопје ке се патува за 3,5 до 4 часа.

Македонско –грчкиот од експерти изврши детална ревизија на наставните планови и учебници по историја

На состанокт е договорена и методолигијата по која ќе се чешлаат учебниците.

Детална и сеопфатна ревизијата на наставните планови и учебници по историја во двете земји, кои во најкус можен рок треба да биде ослободени од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци, утврдил македонско – грчкиот комитет. На состанокт е договорена и методолигијата по која ќе се чешлаат учебниците.

- Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот.

Проверката на учебниците стартуваше во ноември минатата година. На последната средба на македонско – грчкиот комитет, одржана минатиот мисец во грчкото МНР, беа утврдени заедничките чекори за ЕУ интеграциите.

Претходно, шефот на македонскиот тим  Виктор Габер по дводневниот состанок на македонско – грчкиот во март, рече дека треба да се избегнуваат непријатни формулации во учебниците и кај грчката и кај македонската страна, со цел правилно да се едуцираат новите генарации. И порача дека имало повеќе историски моменти што не зближуваат со грчката страна.

Заедничкиот Интердисциплинарен комитет треба да ги проучи учебниците и да дефинира временски рамки, за да се осигура дека од следната година ќе бидат отстранети сите наставни програми, кој содржат каков било иредентизам.

Согласно одредбите од Преспанскиот договор, работата на Комитетот ќе ја надгледуваат министерствата за надворешни работи на двете земји.

притисни ентер