Координативно тело: Посетата на папата организирана беспрекорно, благодарност до сите - Канал 5

Координативно тело: Посетата на папата организирана беспрекорно, благодарност до сите

За потврда на оваа констатација се зема и честитката од Службата за протокол на Ватикан која посетата на Папата Франциск на нашата земја ја оцени како една од подобро организираните согласно нивните искуства.

Координативно тело: Посетата на папата организирана беспрекорно, благодарност до сите

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на својата завршна седница оцени дека посетата беше спроведена според сите предвидени највисоки стандарди и процедури за пречек на највисоки гости од посебно значење за Македонија.

За потврда на оваа констатација се зема и честитката од Службата за протокол на Ватикан која посетата на Папата Франциск на нашата земја ја оцени како една од подобро организираните согласно нивните искуства.

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск им изразува голема благодарност на сите вклучени страни што го дадоа својот придонес за да се оствари посетата на високиот гостин соодветно на највисоките очекувања за организација на вакви настани.

Особена благодарност им се упатува на граѓаните на Македонија, посебно на граѓаните на Скопје и на Општина Центар кои покажаа огромно разбирање, трпеливост и соработка со задолжените институции за организација на посетата на Папата Франциск.

Благодарност заслужуваат и бројните верници и гости од земјите од регионот и пошироко кои ги почитуваа насоките и го дадоа и својот придонес за достојна организација на настанот.

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск упатува благодарност за соработката до Канцеларијата Претседателот на државата и до Канцеларијата на Претседателот на Владата за придонесот и поддршката.

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск ја истакнува исклучителната соработка со Католичката Црква во нашата земја, како и комуникацијата и заедничките активности со одговорните во Спомен куќата „Мајка Тереза".

Посебна благодарност се упатува на адресата на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за јавна безбедност, Управата за безбедност и контраразузнавање, сообраќајната полиција и сите останати припадници на МВР за нивното професионално исполнување на безбедносните мерки за посетата на високиот гостин, како и за обезбедувањето оптимални услови за движење на граѓаните за остварување на нивните приватни и работни обврски.

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск изразува голема благодарност за вклучувањето и придонесот на Службата за општи и заеднички работи за максималната заложба сите организациски и логистички потреби да бидат професионално и одговорно спроведени., како и на Генералниот секретаријат на Владата на РСМ.

Голема благодарност и признанија се упатуваат до Министерството за надворешни работи како домаќин на Координативното тело и како институција задолжена за високиот протокол за време на посетата на Папата Франциск.

Голема благодарност, Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск упатува до Секторот за односи за јавност во Владата кои ги ставија на располагање сите капацитети во делот на информирањето на јавноста за активностите од програмата на апостолската посета на Папата Франциск, за промотивната кампања, за навременото споделување на сервисните информации, како и за делот на раководење со Медија центарот и организацијата и протоколот на акредитираните новинари.

На исклучително високо рамниште на исполнување на задачите беше и Министерството за здравство и сите вклучени јавни здравствени установи кои ги заслужуваат сите признанија за посебните мерки што беа преземени граѓаните навремено и непречено да ги добијат неопходните здравствени услуги и интервенции.

Во реализацијата на комплексната организација од големо значење беше и вклучувањето на Министерството за одбрана кое во потребниот период насочи дел од кадровските капацитети во безбедносната логистика. Од посебно значење беше отстапувањето на Домот на Армијата за потребите на Медија центарот за посетата на Папата Франциск во кој беа опслужени околу 500 медиумски претставници и оператори од земјата и од странство.

Признанија и благодарност се упатуваат и на адресата на Министерството за финансии за поддршката навремено да се извршат сите планирани трансфери на финансиските средства предвидени за посетата.

Благодарност им се упатува и на раководствата, на јавните претпријатија во состав и на администрациите на Град Скопје и на Општина Центар за максималната мобилизација во рамките на нивните надлежности како важен дел од целата организација.

Во делот на своите обврски за координација со сите верски заедници вклучени во средбите на Папата Франциск со верските лидери, признанија и благодарност заслужува и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Признанија и благодарност заслужуваат и Националната радиотелевизија за целодневното медиумско покривање на настанот со пренос во живо и со отворената програма од студијата на јавниот радиодифузен сервис.

Огромна благодарност им се оддава и на сите останати медиумски куќи и акредитирани новинари кои го дадоа својот професионален придонес за соодветно информирање на јавноста во Македонија и во светот.

Сектор за односи со јавноста

Генерален секретаријат

Влада на Република Северна Македонија

Израел објави фотографија од иранска ракета наводно испукана по прекинот на огнот

Израелската амбасада во Велика Британија објави фотографија од остатоците од ракета за која вели дека била испукана кон северен Израел за време на прекинот на огнот со Иран.

Израел објави фотографија од иранска ракета наводно испукана по прекинот на огнот

„Ова е ракета испукана кон северен Израел - не за време на војната, туку за време на таканареченото прекин на огнот“, се вели во објавата на нејзиниот официјален профил на „X“ платформата.

„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице како терористичка држава и закана за регионот“, се додава во објавата.

Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека најмалку една ракета била испукана од Иран неколку часа по почетокот на прекинот на огнот. Иран го негираше ова, велејќи дека не извршил никаков напад откако прекинот на огнот стапи на сила. Израел вети жесток одговор на Иран.

Извор: Индекс.хр

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже, освен Бугарите кои се членови на ЕПП, другите членови од нашите сестрински партии гласаа „ЗА“, социјалистите на СДС против Македонија

СДС повторно фатени во лага! Овој пат, лажат дека членовите на нашите сестрински партии од ЕПП денес гласаа против, бидејќи јасно се гледа на фотографијата подоле, дека освен Бугарите – другите гласаа ЗА.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже, освен Бугарите кои се членови на ЕПП, другите членови од нашите сестрински партии гласаа „ЗА“, социјалистите на СДС против Македонија

Бугарите, добија поддршка од социјалдемократите, благодарение на СДС и нивните заложби, да гласаат против Македонија.

Наместо да ја поддржат борбата на ВМРО-ДПМНЕ за достоинствено претставување на државата во Европа, СДС се сити и сака да ја гледа Македонија во неуспех.

Зошто СДС работи против Македонија? Зошто СДС сака да го уништи достоинството на Македонија? Зошто СДС 30 години наназад работи спротивно на интересите на граѓаните?

Да појасниме, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 24 јуни 2025 година го усвои Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известителот Томас Вајц. Во документот, како резултат на континуираната посветеност и принципиелниот пристап, со широко мнозинство се потврдуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европската перспектива на државата.

Во изминатите три децении, доколку како општество и политички чинители дејствувавме со јасни цели, многу од предизвиците ќе беа поинакви – но барем немаше да бидат поврзани со оспорување на нашето постоење.

Ние сме Македонци. Со свој јазик, историја и чувство за припадност.

Оваа постапка од страна на Европскиот парламент не е крајна цел, туку охрабрување да продолжиме по патот на реформите, владеењето на правото и институционалната стабилност.

Сè тоа – со крената глава и со чувство на одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Градот Скопје е подготвен да ги пречека најдобрите европски џудисти во кадетска конкуренција кои овој викенд на татамите поставени во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се борат за за насловот европски кадетски шампион. 

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Од џудо федерацијата на Македонија која е технички организатор на настанот реферираат дека сите технички подготовки се навремено завршени согласно највисоките стандарди на европската џудо унија, и со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на идните ѕвезди на европското џудо.

„Првпат Македонија е домаќин на европско првенство во џудо и горди сме што ги отвораме нашите врати за талентираните млади џудисти и посветените поддржувачи од целиот континент. Џудото нѐ учи на дисциплина, почит и на стремеж кон совршенство, вредности што длабоко ги негуваме. Ова првенство ќе биде прослава на младоста, решителноста и иднината на нашиот сакан спорт. Возбудени сме што ги гледаме ѕвездите во подем на европското џудо како се натпреваруваат со страст и спортски дух и веруваме дека татамито во Скопјe ќе стане сцена за незаборавни достигнувања и доживотни спомени“ - изјави Владимир Трпаноски, претседател на џудо федерацијата на Македонија.

Во продолжение од истата, Трпаноски им се заблагодари на раководните лица на европската џудо унија за дадената доверба да го организираат овој настан, на сите кои активно се вклучија во организација, и ја повика македонската публика да ужива во атрактивните борби кои ќе ни ги понудат најдобрите европските џудисти во кадетска конкуренција.

И додека организациските подготовки финишираат, македонските репрезентативци во базата во Скопје ги оддржуваат последните заеднички тренинзи. Селекторот Игор Паскоски заедно со тренерот Александар Фузевски во координација со стручниот тим, следните неколку дена пред почетокот на ова престижно натпреварување ќе ги одработат завршните подготовки кои претежно се базираат на регулирање на тежинските категории како и техничко тактичка и психолошка подготовка на нашите репрезентативци.

Европското првенство започнува во четврток, 26ти јуни во 9 часот, а интензивната програма исполнета со многу борби ќе трае се до сабота, 28ми јуни. Свеченото отварање на настанот е закажано за во четврток во 15 часот и 30 минути, прелиминарните борби во сите натпреварувачки денови почнуват од 9 часот, а финалните во 16 часот и 30 минути.

притисни ентер