“Соборениот“ градоначалник уверен во победата: Имамоглу најави повторна кандидатура

 “Соборениот“ градоначалник на Истанбул изјавил дека следниот месец ќе почне нова битка за турската демократија, кога повторно ќе се кандидира на повторените избори.

Екрем Имамоглу уверен е дека повторно ќе победи на 23 јуни и покрај тоа, како што самиот изјави, кражбата на неговата тесна победа во март над кандидатот на Партијата за правда и развој на претседателот Реџеп Таип Ердоган и смета дека освен ова постојат и некои поважни прашања во врска со изборите.

„Изборите во Истанбул станаа симбол на демократијата, тоа сега е очигледно. Ние имаме одговорност спрема демократијата“ – изјавил денеска во разговор за „Ројтерс“.

Имамоглу ја извршуваше должноста градоначалник помалку од три недели кога во понеделникот, после низа жалби од Ердоган и неговата партија, Централната изборна комисија го поништи гласањето и повика на повторување на изборите, наведувајќи неправилности во именувањето на членовите на избирачките одбори на изборните места.

Поранешниот бизнисмен Имамоглу претходно пет години како член на опозициската Републиканска народна партија бил претседател на истанбулската општина Бејликдуз, а денеска се врати во тој дел од градот, за да ја започне својата втора кампања против поранешниот премиер Бинали Јилдирим, кого го победи на првото гласање на 31 март.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

притисни ентер