„Убавата Марал“

Од понеделник на Канал 5 во 20:20 часот, започнува нова играна серија, што ќе ве однесе во гламурозниот свет на модата .

Таа е млада, талентирана девојка заљубена во виртуоз за слатки. Нејзиниот сон е да успее да се искачи до врвот..

УБАВАТА МАРАЛ ќе ви ја раскаже својата неверојатна приказна и ќе ви докаже дека соништата постојат за да станат реалност. 

Моето име е Марал. Пораснав со баба ми. Моите родители загинаа во сообраќајна несреќа кога имав само 6 години. Таа вечер побегнав од дома, плачев и трчав сама по улиците, се изгубив, застанав пред „Луна“ -  бутикот со голем излог. Имаше новогодишна елка за каква што можев само да сонувам. Тука ја запознав Арија.  

Луна стана мое прибежиште. Растев и сонував дека еден ден ќе бидам дел од тој гламурозен свет. Поминаа години, се вработив како келнерка во слаткараницата која работеше во склоп на Луна.

Тука, главен шеф и виртуоз за слатки е убавиот Сарп - момчето во кое сум вљубена, но немам храброст да му признаам. Секојдневно си разменуваме погледи, кога сум со него целата сум збунета.

Главна менаџерка е Арија - девојчето што ми го спаси животот. Убава, млада, талентирана, но постојано гледам тага во нејзините очи.

Арија често е мета на таблоидите. Фирмата трпи загуба поради нејзината непосветеност, вели дека работата ја гуши, сака да побегне што подалеку.

Во нејзините зборови препознав болка. Сакам да и помогнам но не знам како. - Зарем Арија би послушала совет од една келнерка?  Во момент на очај ми предложи јас да седнам на нејзиното менаџерско место.

Не можев да поверувам. Соништата постојат за да станат реалност.

притисни ентер