Милошев: Придонесот на медицинските сестри во функционирањето на здравствениот систем е од непроценливо значење

 Министерството за здравство во континуитет е посветено на унапредување на статусот на сите здравствени работници, со посебен акцент на медицинските сестри, како еден од столбовите на здравствениот систем.

Придонесот на медицинските сестри во функционирањето на здравствениот систем е од непроценливо значење, како и нивниот ангажман во секојдневната грижа и третман на пациентите.

Ова денеска го истакна државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев во обраќањето на свечена академија, што ја организираше Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводена од Здружението „За нас", по повод 12 Мај, Светски ден на сестринството.

Минатата година, посочи Милошев, ја зголемивме платата на сите здравствени работници за пет отсто, а во јануари годинава платата на медицинските сестри ја зголемивме за дополнителни пет отсто.

– Зголемени се и коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Паралелно, сме посветени на имплементација на ЕУ директивата за признавање на професионалните квалификации, во насока на препознавање на професионалците во областа на здравството, како што се медицинските сестри. Со најновите измени на Законот за здравствена заштита решивме повеќегодишен проблем и овозможивме преземање во јавното здравство на медицински сестри, кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, а кои во меѓувреме останале без работа поради затворање на ПЗУ, истакна Милошев.

Нагласи дека во соработка со медицинските сестри низ државата успешно го реализирале проектот за вонболничка постоперативна грижа на пациентите по извршена интервенција.

– Ова се само дел од мерките на Министерството за унапредување на статусот и вреднување на трудот на медицинските сестри. Како што и претходно споменав, со вашата посветена работа, пожртвуваност и хуманост, вие сте еден од столбовите на здравствениот систем, додаде Милошев.

Претседателот на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводена од Здружението „За нас", Гордана Бешлиоска рече дека свечената академија ја организираат за нивните колешки од сите нивоа на здравствениот систем.

– Денеска многу од нив ќе бидат наградени, многу од нив ќе бидат пофалени за сето тоа што успешно го направиле во текот на годината, додаде Бешлиоска на академијата на која беа прогласени најхуманите и најуспешни медицински сестри од земјава.

Мадона одговори на критиките по очајниот настап на Евросонг

Една од главните теми на социјалните мрежи е очајниот настап на Мадона на Евросонг.

Кралицата на поп музиката во ревијалниот дел на фестивалот имаше настап и отпеа две песни, за што заработи 2 милиони долари.

Но , нејзиниот настап од милиони на социјалните мрежи беше оценет како дебакл, со фалшеви кои ги коментираа и музичарите , како и гледачите на Евросонг.

Мадона реши да се огласи на Инстаграм по коментарите на нејзиното пеење. Таа објави фотографија во костумот од Тел Авив , со коментар ,, Мадам Х не слуша зло.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Madame ❌ Hears no Evil............... #future #eurovision #madamex

A post shared by Madonna (@madonna) on

Само ќерката на Ален Делон не го навреди и му ја даде Златната палма во Кан

Легендарниот актер Ален Делон имаше проблеми поради своите ставови , а беше организирана и петиција за да не му се додела Златната палма во Кан за животно дело.

Сепак легендарниот актер Ален Делон (83) ја прими наградата , а му ја додели неговата ќерка Анушка Делон (28) , која исто така е актерка.

Јунакот на филмовите ,,Самурај” и ,,Замрачување”  се соочи со бојкот дури и од неговите колешки , како на пример Салма Хајек , која не дојде во Кан поради ставовите на Делон во врска со истополовите бракови и нивните барања за посвојување деца.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#cannes2019 #cannes2019 #stopviolence #metoo #stopviolenceagainstwomen #alaindelon ❤️✊🏻

A post shared by Sand Van Roy (@sandvanroy) on

Делон јавно се фали и дека бил голем шармер и имал многу жени , поради што беше покрената петиција и собрани над 20 000 потписи за да не му се даде наградата за животно дело на Канскиот филмски фестивал.

Иако Делон ја доби наградата ,с епак тоа не помина без скандал. Откако беше прикажан и филмот ,,Господин Клајн “ од 1976 во кој Делон ја игра главната улога на црвениот тепих се појави актерката Санд ван Рој (28).

Таа на грбот имаше привремена тетоважа и напис ,,Стоп за насилство над жените”. Оваа актерка лани го обвини режисерот Лук Бесон (60) за силување , во чиј филм глумела во 2017. , но немало судење поради недостаток на докази.

Затворска драма на Британка која чека стрелање, додека виновникот ужива во луксузни хотели (ВИДЕО)

Британката Линдзи Сандифорд , која е осудена на смртна казна на Бали поради криумчарење дрога.

Британката веќе шест години чека на извршувањето на смртната казна и вели дека подобро би сакала да ја егзекутираат , отколку да чека. Таа има 62 години и затворските денови ги мунува во плетење играчки и облека за своите внуци.

Во исто време со неа биле уапсени уште тројца Британци , но по извесно време биле екстрадирани во Британија , каде се ослободени.  Линдзи на својата цимерка Хедер Мак и раскажала дека и е доста од чекање.

Американката раскажува дека во затворот се зближила со Линдзи и кон неа се однесувала како кон ќерка. 23- годишната Американка , осудена за убиство на својата мајка , вели дека Британката била активна во разни групи во затворот , но дека во поселдно време се изолирала и барала да ја стрелаат што побргу.

Сандифорд е осудена на смртна казна во 2013. , откако на суд изјавила дека британски криумчари ја принудиле да пренесе кокаин од Тајланд на Бали.

Наводниот водач на групата 50 – годишниот Џулијан Пондер од Брајтон е пуштен во 2017 од затвор , откако се прочуло дека платил повеќе милиони фунти мито за да го ослободат .

И додека 62- годишната баба чека стрелање, организаторот на шверцот на кокаин ужива во хотелите во Тајланд и Малезија во друштво со својата 23 – годишна девојка.

притисни ентер