Видео-фото: Лукас Моура ја заврши сензационалната низа на Ајакс во Лигата на шампионите

Лукас Моура го заледи Амстердам, најпријатното изненадување во европскиот фудбал сезонава, младиот тим на Ајакс сепак потклекна пред фаворизираниот Тотенхем.

Популарните „спарси“ од Лондон  со победа од 3-2 во Амстердам на полуфиналниот реванш од Лигата на шампионите  само поради повеќе голови постигнати на гостински терен, првото полуфинале го загубија со 1-0, го елиминираа Ајакс од посакуваното финале.

На 1 јуни во големото финале во Мадрид за најценетиот фудбалски трофеј на планетата ќе играат англиските  премиерлигаши Ливерпул и Тотенхем.

Сензационалниот Ајакс и синоќешниот реванш го започна во стилот во кој ја игра целата сезона, маестрално и за само 36 минути игра веќе водеше со 2-0 со головите на ултра талентираниот Де Лихт во 5 и Зијех во 36 минута. Но, и ова водство не ја неутрализираше инспирацијата на феноменалниот Лукас Моура.

Извонредниот Бразилец од тимот на Тотенхем за само 40 –тина минути го униште сето она што фудбалерите на Ајакс го градеа цели три полувремиња во полуфиналето.

Големиот резултатски пресврт  синоќа сензационалниот Мора го најави во 55 минута кога ја преполови предноста на домаќините, само 4 минути подоцна Моура израмни на 2-2 .

Во шестата минута од судското продолжение го занеме полниот стадион во Амстердам и обезбеди триумф од 3-2 за пласман на Тотенхем во големото финале.

За Тотенхем ова ќе биде првото финале во елитната Лига на шампионите во историјата, тоа ќе биде премиерно финале и за нивниот предводник Покетино.

Големата шампионка Серена Вилијамс декласирана, Симона Халеп на тронот на Вимблдон

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на годинешното неофицијално светско првенство во тенис, Грен слемот во Вимблдон.

Во големото финале феноменалната Халеп за само 57 минути игра од централниот терен во Вимблдон ја збриша големата шампионка Американката Серена Вилијамс победувајќи ја експресно во два сета со 6-2 и 6-2.

За Симона Халеп по титулата на Роналд Гарос ова е вториот трофеј од Грен слем турнирите. Легендата на светскиот тенис Серена Вилијамс попладнево не успеа да го подигне својот осми пехар во Вимблдон.

КК „Кожуф" единствен кошаркарски клуб во Гевгелија

Гевгелија е вистински кошаркарски град кој минатата сезона имаше два клуба кои се натпреваруваа во Првата државна лига, доби шампион во БИБЛ лигата и беше домаќин на кошаркарскиот Куп.

 Со сопственикот и спонзорот на КК „Блокотехна" постигнавме договор во наредната кошаркарска сезона Гевгелија во Првата кошаркарска лига да ја претставува само КК „Кожуф" кој ќе настапува значително зајакнат организациски и во поглед на играчкиот состав, информираше на денешниот брифинг со новинарите градоначалникот Сашо Поцков.

– Гевгелија е вистински кошаркарски град кој минатата сезона имаше два клуба кои се натпреваруваа во Првата државна лига, доби шампион во БИБЛ лигата и беше домаќин на кошаркарскиот Куп. Констатиравме дека ваквата традиција можеме да ја продолжиме и да постигнеме уште подобри резултати само со единствен кошаркарски клуб, рече Поцков.

За постигнување подобри резултати неопходни се и дополнителни финансиски средства поради што Поцков организирал средба со најголемите компании од општина Гевгелија од кои побарал поддршка за остварување на целта и задржување на гевгелискиот спортски бренд.

Текстилната компанија „Ноел" која беше сопственик и единствен спонзор на КК „Блокотехна" најави дека финансиски и организациски ќе го поддржи единствениот кошаркарски клуб „Кожуф" и оти дополнително ќе одлучи дали „Блокотехна" ќе продолжи да се натпреварува или пак местото во Првата лига ќе го отстапи на друг клуб.

Де Лихт се поблиску до Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион  Јувентус добива огромно засилување?

Капитенот на Ајакс Матијас де Лихт е се поблиску до трансфер во Торино, откако  раководството на Јуве одлучил да ја зголеми понудата.

Според „Газета дело Спорт“ , Ајакс одбил 67 милиони евра со барање за повисока понуда  вредна 75 милиони. Сега се очекува раководството на италијанскиот гигант да ја прифати бараната сума.

19- годишниот  Де Лихт која игра на позицијата стопер претходно ги договори личните услови со Јувентус и стави потпис на пет годишен договор , според кој ќе има годишна плата од 9 милиони евра, без бонуси.

До крајот на неделава би требало Ајакс и Јувентус да постигнат договор, а Де Лихт да ги изврши лекарските прегледи во Торино.

Летово еден од најголемите светски таленти ги одби понудите на Барселона и Пари Сен Жермен.

притисни ентер