Десетина наши автори на 12. Македонска книжевна визита во Софија - Канал 5

Десетина наши автори на 12. Македонска книжевна визита во Софија

 Десетина реномирани македонски поети и писатели од сите генерации, од утре до 11 мај во Софија ќе бидат дел од 12-тото издание на „Македонска книжевна визита", чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија.

Десетина наши автори на 12. Македонска книжевна визита во Софија

Организатор на оваа веќе традиционална манифестација е книгоиздателството „Макавеј", во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од Министерството за култура на Македонија.

Како што информираат од Макавеј, годинашната „Дванаeсетта македонска книжевна визита" ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски романсиер, поет и публицист Димитар Башевски, за чие творештво ќе говорат македонскиот поет и литературен критичар Санде Стојчевски и бугарскиот поет и преведувач Димитар Христов.

Втората клучна содржина на манифестацијата е промоцијата на специјален двоброј на македонското книжевно списание „Книжевно житие",што е посветено на 25 современи бугарски поети. Најимпресивниот настан на визитата, како што посочуваат, ќе биде бугарско-македонскиот поетски митинг на кој ќе настапат искатнати пера на двете земји: академик Радован Павловски, Бојан Ангелов, Димитар Башевски, Димитар Христов, Зоран Анчевски, Николај Шопов, Бранко Цветкоски, Роман Кисјов, Санде Стојчевски, Иван Есенски, Драгана Евтимова, Иван Гранитски, Гоце Ристовски, Атанас Звездинов, Душко Крстевски, Петар Андасаров, Весна Ацевска, Надја Попова, Ѓоко Здравевски, Владимир Левчев, Диме Ратајковски и Кети Бозукова.

Традиционално, и на оваа Македонска книжевна визита во Софија ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал" на бугарски автор-преведувач, кој значајно придонесол за афирмацијата на македонската литература во Бугарија и за унапредување на соработката меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е писателот, книжевен иследувач и и издавач Пламен Тотев, кој во својот опус има десетина книжевни и публицистички дела, a како сопственик на книгоиздателствата „Персеј" и „Изида" објавил и афирмирал дела од 20-тина македонски писатели на бугарски јазик.

Според Макавеј, еден од најдрагоцените придонеси на Македонската книжевна визита во Софија е откривањето, поттикнувањето и афирмацијата на нови преведувачи на македонската литература во Бугарија. Во таа смисла наградата „Македонски книжевен Дедал" која „Макавеј" ја доделува на секое издание од оваа манифестација придонесува да се оформи во изминатата деценија нова група квалитетни преведувачи (најчесто, истовремено и писатели) кои безрезервно ја согледале квалитетната и специфична мисија на македонската литература.

-Меѓу најголемите нејзини афирматори се угледните современи бугарски писатели и преведувачи: Петар Караангов, Иван Гранитски, Бојан Ангелов, Елка Њаголова, Димитар Христов, Николај Шопов, Роман Кисјов, Здравка Итева, Тања Попова, Петар Андасаров и др. Овие преведувачи, кои се и афирмирани автори на бугарската литература, заедно придонеле околу 60 дела од македонски автори во изминатата деценија да бидат пласирани и афирмирани на бугарската книжевна сцена, во копродукција на Макавеј со бугарски издавачи, наведуваат од Макавеј.

Учесниците на манифестацијата и оваа година традиционално ќе го посетат и ќе положат цвеќе на гробот на Венко Марковски, еден од основоположниците на современата македонска литература и крупна фигура и на современата бугарска поезија.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

Имајќи ја предвид, пред се, опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк  денеска ќе биде отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Концептот на „Сенки“ произлегува од потребата на современото општество да се одговори на прашањето за смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата. Живеејќи во време на технолошка револуција и предоминатна индустриска експанзија, каде трговските војни и акумулацијата на капиталот стануваат врвен приоритет, проектот суштински го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби принуден на паравоено преживување.

- Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите?, вели авторото Павлески.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јуни.

Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Авионот испратен за евакуација на првата група од осум македонски државјани кои се евакурани од Израел, од Шарм Ел Шеик во Египет, тргнува назад кон Македонија.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Се очекува групата од осум лица да пристигне вечерва на скопскиот аеродром

Како што дознава Канал 5, Македонија ги евакуираше своите државјани меѓу првите земји во Европа, пред Унгарија и Грција.

Албанските и словенечките државјани се враќаат во своите земји со помош на Грција.

притисни ентер