„Њујорк Тајмс“: Посетата на папата ја враќа Северна Македонија на мапата - Канал 5

„Њујорк Тајмс“: Посетата на папата ја враќа Северна Македонија на мапата

Вчерашната посета на папата се најде на странците и на многу регионални и светски медиуми.  Меѓу нив и реномираниот американски весник Њујорк Тајмс, кој објави сторија со наслов „Посетата на папата ја враќа Северна Македонија на мапата.“

„Њујорк Тајмс“: Посетата на папата ја враќа Северна Македонија на мапата

„Северна Македонија во вторникот доби уште еден сигнал дека речиси три децениската изолација се доближува до својот крај. Папата Франциск порача дека Северна Македонија е мост меѓу истокот и западот, рече дека нејзината историја на диверзитет добро ќе и служи во нејзините односи со Европа. Тој исто така изрази надеж дека интеграциите ќе се одвиваат на начин кој ќе биде од бенефит за целиот Западен Балкан“, пишува во статијата по повод посетата на поглаварот на римокатоличката црква.

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица.

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица.

- Создаваме навремени услови за подостапен пристап до јавниот транспорт во овој дел од општината. Подобрата поврзаност е предуслов за развој и за унапредување на секојдневието на жителите, се наведува во пишаната изјава на градоначалникот Александар Стојкоски.

Со овој зафат, како што нагласуваат од Општина Ѓорче Петров, се унапредува пристапот до железничкиот транспорт, а истовремено се подобрува и вкупната сообраќајна поврзаност во Волково.

- Општина Ѓорче Петров останува посветена на изградбата и реконструкцијата на инфраструктурата, со цел да обезбеди подобри услови за живот за сите граѓани, се додава во соопштението.

МНР: Македонските државјани веќе се наоѓаат на територија на Египет и се на безбедно

Според извори од Министерството за надворешни работи, македонските државјани кои беа предмет на евакуација веќе се наоѓаат на територија на Египет и се на безбедно.

МНР: Македонските државјани веќе се наоѓаат на територија на  Египет и се на безбедно

Истите извори информираат дека за нив е обезбедено сместување во хотел, додека се завршуваат административните и логистички подготовки за враќање во земјава.

Се очекува репатријацијата да се реализира во текот на денешниот ден или најдоцна утре, со владиниот авион.

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се стреми кон „вистински крај“ на конфликтот меѓу Израел и Иран, а не само кон прекин на огнот.

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

- Не се залагаме за прекин на огнот, туку за нешто подобро од прекин на огнот, изјави Трамп пред новинарите откако се врати во САД од самитот на Г7 во Канада.

Тој нагласи дека сака „крај, вистински крај, а не прекин на огнот“, додавајќи дека посакува Иран да направи „целосно откажување“ од своите позиции.

Трамп исто така објави на „Трут соушл“ дека не се обратил на Иран со каков било предлог за мировни разговори, додавајќи дека Техеран „требаше да ја прифати понудата што беше на маса“.

Во врска со потенцијални ирански напади врз американските интереси во регионот, тој најави жесток одговор. - Тогаш ракавиците се симнати… Мислам дека знаат дека не треба да ги допираат нашите трупи .Ќе реагираме жестоко доколку направат нешто против нашите луѓе, потенцираше Трамп.

Говорејќи пред новинарите во авионот Ер форс уан, Трамп најави дека можно е да ги испрати американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и специјалниот претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, на средби со ирански претставници.

- Тоа зависи од развојот на настаните по моето враќање, додаде Трамп.

Дополнително, Трамп ја повтори својата позиција дека Иран „не смее да поседува нуклеарно оружје“.

притисни ентер