Грчките медиуми преполни со акценти од посетата на папата Франциск на Скопје - Канал 5

Грчките медиуми преполни со акценти од посетата на папата Франциск на Скопје

„Скопје: Топол пречек за Папата Франциск"; „Иванов, Заев: Со леб и сол го пречекаа Папата во Скопје",

Грчките медиуми преполни со акценти од посетата на папата Франциск на Скопје

Грчките медиуми во текстовите посветени на вчерашаната посета на папата Франциск на Македонија акцентот го ставија на пораките што тој ги испрати за време на свечената литургија, но и на пречекот на скопскиот аеродром – традиционално со погача и сол, коментирајќи дека станува збор за прва и историска посета, јави дописничката на МИА од Атина.

„Скопје: Топол пречек за Папата Франциск"; „Иванов, Заев: Со леб и сол го пречекаа Папата во Скопје", „Порака на мир и обединетост испрати папата Франциск од Скопје", „Папата за прв пат во историјата ја посети Северна Македонија"; се дел од насловите во грчките медиуми.

-Порака за мир, обединетост и хармоничен соживот упати папата Франциск за време на свечената литургија одржана на централниот плоштад во Скопје на која присуствуваа над 10 илјади луѓе, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во централните изданија на вестите, со прилози, грчките телевизии информираа за посетата на папата на Скопје.

-За прв пат, поглавар на Римокатоличката црква ја посетува Северна Македонија. Папата Франциск на аеродромот во Скопје беше пречекан со сите почести. Задржувајќи го традиционалниот обичај, го послужија со леб и сол, објави грчката телевизија Скај

-Богата со пораки, првата, а затоа и историска посета на папата Франциск во Северна Македонија, коментираше државната телевизија ЕРТ на почетокот на прилогот посветен на посетата на папата на Скопје.

-На неговото последно официјално појавување како претседател, Ѓорѓе Иванов го прими папата Франциск. Поглаварот говореше за убавината на балканскиот мозаик што го обезбедуваат различните нации и религии, испраќајќи порака за мир, а положи венец и на споменикот на Мајка Тереза, која самиот ја прогласи за светица во 2016, објави ТВ Антена.

Грчките медиуми, во текстовите, освен пораките на папата ги пренесоа и ставовите на премиерот Зоран Заев./МИА

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

Во ерата на климатските промени и зголемената еколошка свест, потрошувачите – и индивидуалните и корпоративните - сè почесто бараат енергетски решенија кои се ефикасни, но и одржливи. 

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

Сепак, изборот на снабдувач со електрична енергија не се заснова само на цената или стабилноста на испораката – сè поактуелно станува прашањето: Дали снабдувачот обезбедува енергија со гарантирано зелено потекло? Токму затоа постои сертификацијата за зелена енергија како потврда дека електричната енергија потекнува од обновливи извори и како конкретен доказ за одговорноста на потрошувачот и транспаретноста на снабдувачот.

Избирањето на снабдувач што користи зелена енергија има бројни предности. Со избирање на снабдувач што користи зелена енергија директно придонесувате покажувате еколошка одговорност и придонесувате кон намалување на јаглеродниот отпечаток и борбата против климатските промени. Ако сте деловен субјект со користењето на сертифицирана зелена енергија испраќате силна порака до клиентите, партнерите и инвеститорите дека вашата компанија не само што ги следи трендовите, туку ги води. Исто така, со избирање на снабдувач што користи зелена енергија придонесувате кон енергетска тразиција – поттикнувањето на побарувачката за зелена енергија ја охрабрува понатамошната изградба на капацитети за обновливи извори.

Како глобалниот поттик кон одржливост добива на интензитет, ЕДС како дел од најголемата европска групација во Југоисточна Европа, се појавува како лидер во делот на снабдување со „зелена енергија“. Работејќи активно со компаниите на концептот „зелена потрошувачка“, ЕДС нудат снабдување со електрична енергија од обновливи извори, со што голем број од клиентите се снабдуваат со 100% зелена енергија. Секој клиент кој се одлучува за зелениот модел на снабдување од ЕДС добива официјален „сертификат за потекло“ на енергијата од обновливи извори. Овој сертификат се издава според европските стандарди и претставува доказ за зеленото потекло на енергијата што ја користат. Тоа е особено важно за извозно ориентирани компании, кои треба да ги исполнуваат ESG критериумите (еколошки, социјални и управувачки) во своето работење.

Компаниите, институциите и домаќинствата кои избираат снабдувачи со „зелено потекло“ испраќаат јасна порака: дека профитот не е спротивен на одговорноста, туку дека одржливиот развој е патот напред. Во време на глобални климатски предизвици, ваквите избори се повеќе од деловни – тие се етички, општествено значајни и неопходни за иднината. Потрошувачите имаат моќ да влијаат на пазарот и да ги охрабрат инвестирањата во одржливи извори, со што придонесуваат за почиста иднина за сите.

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

 Израелската војска соопшти дека го убила новоназначениот ирански началник на Генералштабот Али Шадмани во ноќен напад врз главниот град Техеран, објави Анадолија.

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

-По прецизни разузнавачки информации добиени од Дирекцијата за разузнавање на ИДФ (армијата) и ненадејни околности во текот на ноќта, воздухопловните сили нападнаа команден центар во срцето на Техеран и го елиминираа Али Шадмани, воениот началник на Генералштабот, се вели во соопштението на војската денеска.

Тој командуваше со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и иранската армија, се додава во соопштението.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го именуваше Шадмани за наследник на генералот Голам Али Рашид, началник на Генералштабот на иранската армија, кој беше убиен во израелските воздушни напади врз Иран минатиот петок, според иранските државни медиуми.

Досега нема коментар од Иран за израелската изјава.

Фото: Најубавата тенисерка предизвикува воздишки во бикини

Таа е вистинска лавица на тенискиот терен, но и супермодел надвор од него.

Фото: Најубавата тенисерка предизвикува воздишки во бикини

Најубавата светска тенисерка Арина Сабаленка по напорниот Ролан Гарос е на заслужен одмор во Грција.

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема на социјалните мрежи.

Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, по поразот во финалето на Ролан Гарос, одлучила дека е време за одмор.

Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос,заедно со својот партнер бизнисменот Јоргос Франгулис, кој претходно живеел во Бразил.

Во серија фотографии од одморот, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето во коментарите ѝ кажаа дека изгледа подобро од кога било и дека може почесто да објавува вакви фотографии.

притисни ентер