ЛШ: Барселона противник на Вардар во полуфиналето

Македонскиот ракометен првак Вардар попладнево na ждрепка во Келн  го дозна  противникот во полуфиналето  од  Лигата на шампионите.

 Црвено црните  во полуфиналето на 1 јуни во Лаксенс арената во Келн исто како и пред две сезони ќе се судрат со големиот фаворит за титулата шпанскиот гигант Барселона.

 За вториот финалист на завршниот турнир во Келн ќе одлучува полуфиналната пресметка Веспрем - Кјелце.

Европскиот шампион од 2017 Вардар трета година во серија е дел од  Фајнл фор турнирот во Келн. 

Ждрепката сакаше противник на вардарци како и во историската за нас завршница во 2017 година да биде првиот фаворит за трофејот во Лигата на шампионите, силната Барселона. Но , ваквите завршни турнири многупати досега покажале дека фаворитите не го оправдале својот квалитет и рејтинг. Посакуваме и годинава да биде така, или да се повтори историската за нас 2017 година, кога Вардар како аутсајдер стигна до европскиот трон, победувајќи ги токму фаворитите  Барселона(26-25) и ПСЖ..

Македонскиот шампион и покрај големите финансиски проблеми сезонава покажа дека има тим за респект , ракометари кои не се плашат од никого и можат да победат секој противник. Црвено –црните тоа го покажаа и во четвртфиналето  во кое беа подобри од  фаворизираниот унгарски првак Пик Сегед.

Во групната фаза а потоа и во нокаут рундата ракометарите на Вардар демонстрирајќи врвен ракомет докажаа дека немаат страв од никого и дека со голема борбеност, пожртвуваност и заедништво може да стигнат до посакуваната цел.

Инаку, сите четири полуфиналисти годинава  во групната фаза играа во иста група, Вардар има два порази токму од ривалот во полуфиналето Барселона, а победа и пораз со екипите на Веспрем и Кјелце.

Само неколку минути по ждрепката во Келн капитенот на Вардар, големиот борец  Стојанче Стоилов  порача дека Вардар докажа дека не се плаши од никого. 

„Сите четири тима имаат еднакви шанси за победа на Ф4 во Келн, Барселона е фаворит, заврши прва во групата, не победија двапати сезонава… Но, ние сме Вардар и никогаш не се предаваме. Ќе ги бараме нашите шанси исто така. Еден меч во кој се е можно, таков е Келн за сите.“, рече во на линковското јавување нашиот капитен Стоилов.

Македонската јавност посакува реприза на завршниот турнир од 2017 година , кога на патот кон титулата Вардар ги победи големите Барселона и ПСЖ.

Џудо клубот „Ипон" од Скопје победник на Државното екипно првенство за сениори

Во организација на Џудо федерацијата на Македонија, а со техничка поддршка од џудо клубот „Гладијатор", денеска во Кочани се одржа државното екипно првенство во сениорска конкуренција.

Најмногу победи имаа џудистите на ЏК „Ипон" од Скопје и заслужено ги освоија златните медали и победничкиот пехар. Зад нив се пласираа членовите на ЏК „Сеишин" од Прилеп, а третото место му припадна на ЏК „Кожувчанка" од Кавадарци.

Кочани по втор пат беше домаќин на Државното екипно првенство што го отвори градоначалникопт Николчо Илијев, кој истакна дека иако џудото во овој регион од државата е релативно нова спортска вештина, сепак за краток период бележи брз напредок и кочанските џудисти веќе имаат освоено повеќе медали на домашни и меѓународни натпреварувања.

– Натпреварувачите на првенството за првпат настапија според новоусвоениот правилник кој е во согласност со барањата од Меѓународната џудо федерација. Новина е тоа што борбите се одвиваа во мешан состав, односно секоја екипа имаше по тројца натпреварувачи во женска и во машка конкуренција. Секој од нив настапи во посебна тежинска категорија, а ако некоја екипа нема комплетна екипа не може да се натпреварува, истакна Дејан Џокоски, член на натпреварувачката комисија.

Од раководството на Џудо федерацијата на Македонија оценија дека организацијата на првенството помина во најдобар ред, а Кочани нуди одлични просторни и технички услови за тренинзи и кондициска подготовка на екипите и репрезентацијата. 

Ветераните на Пирин најдобри на меѓународниот одбојкарски турнир во Струмица

Ветераните на Пирин од Разлог, Бугарија, го освоија првото место на меѓународниот одбојкарски турнир што се одржа вчера и завчера во Струмица.

 Во финалниот натпревар тие беа подобри од домаќините, ветераните на Струмица, забележувајќи победа од 2:0 во сетови.

Во натпревар за третото место ветераните на Рибница од Краљево, Србија, беа поуспешни од екипата на Тетово и славеа победа од 2:0.

Турнирот се одржува традиционално десетти пат по повод патрониот празник на Струмица „Светите петнаесет тивериполски свештеномаченици".

Организатор на турнирот се ветераните на Одбојкарскиот клуб Струмица.

Меѓународен одбојкарски турнир за ветерани во Струмица

Во Струмица почна Меѓународниот одбојкарски турнир за ветерани, што традиционално се одржува по десетти пат по повод патрониот празник на градот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици", кој се одбележува на 11 декември.

На турнирот учествуваат ветераните на екипите „Пирин" од Разлог, Бугарија, „Рибница" од Краљево, Србија, како и екипи од Тетово и Струмица.

Вчера се одиграа полуфиналните натпревари. Екипата на Пирин ги совлада ветераните на Тетово со 2:0 во сетови, а Струмица славеше против Рибница со 2:1.

Турнирот завршува вечер со одигрување на натпреварите за 3 и 4 место и финалниот натпревар кој ќе го одлучи победникот. 

притисни ентер