ПАСТРМКА НА ОХРИДСКИ НАЧИН

Рецепт на: Франческа Винченци Маркулеска

Потребни состојки:  1 пастрмка,  неколку главици кромид, 2 зелени пиперки, неколку чешни лук, 1 домат, 1 лимон, малку магдонос, сол и бибер по вкус.

Постапка:

Пастрмката се чисти и се отстрануваат коските.

Се преполовува на половина и се става на скара да се пече.

Додека се пече рибата се подготвува зајрето.

Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид.

Потоа се додава сечкани зелени пиперки и сечкан лук и се продолжува со пржењето.

При крај се додава сечкан домат, се пропржува уште неколку минути и се зачинува со сол, магдонос и  бибер по желба.

Зајрето се става на средина на отворената печена риба.

Потоа рибата се поклопува со зајрето и се декорира со лимон и магдонос.

притисни ентер