ПАСХАЛНО БЛАГО

Рецепт на: Игор Видоески

Потребни состојки:  6 јајца, неколку лажици шеќер во прав, 100-150 гр.урда, 300 мл. неутрална хопла,  100-150  гр, путер, 100-150 гр.ореви, 50 гр.суви кајсии, 50 гр. суво грозје и 50 гр. суви сливи.

Постапка:

Во подлабок сад се одвојуваат жолчките од белките.

Жолчките се матат рачно и се додава шеќер во прав.

Се мати уште малку и се додава урдата и неутралната хопла.

Се продолжува со матењето уште неколку минути.

Со постојано матење се додава: путер, ореви, суво грозје, суви сливи и суви кајсии.

Откако добро ќе се измати и хомогенизира смесата се става во фрижидер да се излади.

Благото се обликува со помош на калап по желба.

притисни ентер