МЕШЕИШКИ ЗАВИЈОК

Рецепт на: Рада Бушиноска

Потребни состојки:  1 кг. свинско филе од кременадла, 500 гр. рендан кашкавал, 500 гр. рендано сирење, 3 јајца изматени во млеко, масло, брашно и презла по потреба и сол по вкус.

Постапка:

Месото се сече на 15 –тина парчиња.

Секое парче месо со помош на готварски чук се тенчи.

Парчето месо се посолува по вкус.

Одозгора се става рендано сирење и кашкавал.

Со раце внимателно се формира ролат.

Ролатот се вала во брашно, па во матени јајца со малку млеко и на крај во презла.

Секое парче се пржи во тава со загреано масло.

Фото: Двометарска медуза

Медузите од овој вид обично растат околу 90 цм, затоа оваа медуза претставува вистинско чудо.

Биологот Лизи Дали и фотографот Дан Абот, велат дека никогаш во животот не виделе толкава медуза. „Видовме неколку мали медузи а потоа наидовме на една огромна, моментот беше неверојатен“ рече Лизи.

„FaceApp“ ќе биде под истрага

Американскиот сенатор Чак Шамер побара од Федералното биро за истраги (FBI) да спроведе истрага за апликацијата „FaceApp“ .

До ова дошло откако се појавиле гласини дека Русија ги искористува податоците од оваа апликација. Дали апликацијата која сите ја користат во последниве денови, можеби крие мрачна страна?

На тоа сеуште немаме одговор.

Сијамски близнаци раздвоени во Лондон

Сијамски близнаци кои биле споени со главите, успешно се раздвоени во Лондон после неколку операции кои вкупно траеле 55 часа.

Двегодишните сестри од Пакистан Сафа и Марва Улах, три пати биле оперирани во Болницата „Грејт Ормонд Стрит“ а во хируршките зафати кои биле направени во рок од 4 месеци, учествувале вкупно 100 членови од медицинскиот тим на болницата.

Хирурзите успеале да ги раздвојат нивните мозоци кои биле меѓусебно испреплетени во нивниот заеднички череп а потоа успеале да реконструираат два посебни черепа, користејќи ги фрагментите од заедничкиот.

притисни ентер