Вардар на фајнл фор во Келн

Македонскиот ракометен шампион Вардар рекордна трета година во низа ќе биде дел од полуфиналето во Келн во елитната Лига на Шампионите.

Пирова победа на унгарскиот првак Пик Сегед во четврфиналниот реванш на домашен терен од 29-25. Големиот триумф на Вардар во Јане Сандански од 31-23 се покажа како недостижен за богатиот Пик Сегед.

Вардарци со вистинска машка борба во сите 60 минути од мечот предводени од маестралните Карачиќ и Стоилов не подлегнаа на големиот притисок на гостувањето во Сегедин и на крајот се радуваа на уште еден пласман на Фајнл фор турнирот во Келн.

По очајната игра во првите 30 минути избраниците на парондо во вториот дел заиграа на посакуваното ниво посебно во одбраната, централниот бек на домаќините Бомнач беше запрен во нападот профункционира триото Карачиќ, Стоилов, Криштопанс и големата предност на домашните се намалуваше од минута во минута за на крајот искусните вардарови ракометари да намалат во еден миг на на само минус два гола на две минути пред крајот на мечот и да го решат прашањето за патникот во елитното полуфинале. 

Вечерва најефикасни на тешкото гостување во Сегедин беа Карачиќ со 8 голови, Криштопанс со 5, Дибиров со 4 и капитенот Стоилов со 3 постигнати голови. Одлична партија посебно во клучното второ полувреме заврши и голманот Милосављев со неколку извонредни одбрани во моментите кога домаќините се обидуваа да се вратат во игра. 

Македонскиот првак  трета година во низа ќе биде дел од завршницата на ракометната лига на шампионите. Противници на црвено црните во Келн ќе бидат Барселона, Киелце и Веспрем.

притисни ентер