Кирацовски: Стево Пендаровски е во водство

Шефот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски на денешната прес-конференција истакна дека претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е во водство пред Гордана Силјановска-Давкова.

„Имавме кристално чисти и демократски избори, како што доликува на една европска држава. Им благодарам на граѓаните кои придонесоа да имаме мирен ден, изборниот ден да мине во најдобар ред. Според првичните резултати, Стево Пендаровски е во водство. Очекуваме и остантите учесници да дадат признание за мирни избори и очекувам изборниот ден и по прогласување на резултатите да финишира во демократска атмосфера“, истакна Кирацовски.

Додека шведската репрезентација игра на Европското, Ибрахимовиќ „брои палми“ на Мајорка (ВИДЕО)

Шведска одлично се пробива на Европското без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од првите два натпревари, но нејзините играчи и навивачи би сакале со нов да биде и Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, Златан за тоа време ужива во Мајорка. Тој на Инстаграм објави видео на кое тој е гол и без раце вози велосипед на патека покрај морето. Тоа видео доби милион лајкови.

За потсетување, стрелецот на 62 гола за Шведска се врати во репрезентацијата пред три месеци по скоро пет години.

На два квалификациски натпревари за СП, тој постигна два гола и стана најстариот (39) репрезентативец во историјата на неговата земја.

Ќе одеше на Европското првенство доколку не го повредише коленото додека играше за Милан непосредно пред објавувањето на списокот на репрезентативци.

Па така, наместо да оди на ЕП, тој тргна на крстарење по Медитеранот со својата јахта вредна 20 милиони евра.

Ferrari SF90 Stradale како инспирација за патики (ФОТО)

Puma и Ferrari имаат заеднички производ.

Неговото име е ION F, а станува збор за патики инспирирани од автомобил на Ферари. Некои делови од патиката ги имаат истите материјали, додека некои други детали се дизајнерски поврзани со Ферари. Така, задниот рефлектирачки панел TPU е опкружен со СТП пена, и е естетски дизајниран да наликува на предниот спојлер на хиперспортскиот автомобил.

Патиките имаат мрежен материјал во горниот дел и доаѓаат со интегриран плетен чорап. Наместо класичните патенти, инсталиран е магнетски механизам, кој треба да биде поврзан со G силите во Ферари, како што поминува на свиоци со полн гас. Секако, логото на Ферари јасно кажува за што станува збор.

Непотребно е да се каже, црвената боја доминира, но исто така е достапна и во црна боја. Цената е околу 400 фунти.

Мајкл Џордан е шампион и во риболов (ВИДЕО)

Ненормалната компетитивност што ја внесува во секоја борба,не само на кошаркарскиот терен,туку и на терените за голф, масите за покер или додека со неговиот чувар фрлале паричка што е можно поблиску до ѕидот, е главната карактеристика на Мајкл Џордан.

Сега тој ја однесе на морето.

Шесткратниот шампион во НБА лигата учествува втора година по ред на турнирот Big Rock Blue Marlin Tournament во Северна Каролина. Веќе на првиот натпреварувачки ден, неговиот осумчлен екипаж на јахтата Фати 23, именуван по неговиот број на дресот, улови 11,5 килограми тешка риба махи-махи, што е најтешкиот улов на денот во таа категорија.

Минатата година неговиот екипаж фати риба сабјарка тешка над 200 килограми, што беше четврти најголем улов на денот на натпреварот.

притисни ентер