Стоилковски: Пендаровски нема капацитет и не ја заслужува честа да ја води државата

Стево Пендаровски нема да биде претседател на Република Македонија.

Стево Пендаровски нема капацитет и не ја заслужува честа да ја води државата.

Еве ги главните причини зошто граѓаните не му дадоа поддршка на Пендаровски во првиот круг и зошто сега во недела Пендаровски ќе биде испратен во политичка пензија, како што самиот вети доколку и по втор пат биде поразен дека ќе замине.

1. Стево Пендаровски е човек без став и мислење. Бледа копија на Зоран Заев. Човек кој се гордее дека е 102,5% ист како Зоран Заев.

2. Стево Пендаровски е кандидат со само една цел да се заштити криминалот на Зоран Заев и да се обезбеди нова аболиција кога правдата ќе се врати во Македонија. Зоран Заев е единствениот политичар во Европа неколку кратно аболициран за тежок криминал, а Пендаровски молчи и за „Глобал" и за криминалот „едно евро за Вице"

3. Стево Пендаровски се срами да каже дека е Македонец. Исто како и Зоран Заев се срами од македонската химна. Стево Пендаровски се срами да каже дека Македонците во Егејска Македонија зборуваат на македонски јазик. Стево Пендаровски нема збор за ништењето кое се врши над македонската културна и историска посебност, овозможена од неговиот ментор Зоран Заев.

4. Стево Пендаровски не е непартиски кандидат и не може да биде претседател на сите граѓани. Стево Пендаровски е хотелски кандидат кој ја доби поддршката со заткулисни игри и договор зад затворени врати на двајца партиски лидери.

5. Стево Пендаровски не го почитува и го навредува македонскиот народ. За него граѓаните се „стока" и „сурати" кои не требале да му се појавуваат пред очи.

6. Стево Пендаровски е транзициски политичар кој имал удел и во гостиварските и во бит пазарските настани каде постоеше сериозен ризик да се разниша меѓуетничкиот соживот во Република Македонија.

7. Стево Пендаровски ја одобрува најгрубата партизација на администрацијата, за непотизмот на СДСМ. Стево Пендаровски и сега смета дека за тоа треба да одлучува партискиот суд, а никој од кланот на власт да не сноси одговорност.

8. Стево Пендаровски не ги осуди злоупотребите во безбедносните служби, потфрлањето на полицијата и злоупотребите во изборна кампања. Стево Пендаровски не гледа неработење на полицијата додека криминалот цвета на улиците поттикнат од криминалот и неказнивоста на власта.

9. Стево Пендаровски не го осудува урнисувањето на здравствениот систем во државата. Стево Пендаровски се прави дека не ја гледа тендер-политиката во јавното здравство на штета на граѓаните. Исто така Пендаровски како професор не гледа ниту урнисување на образовниот систем директно најавен од Заев Заев.

10. Стево Пендаровски не се оградува од катастрофалните економски политики меѓународно оценети со НУЛА. Пендаровски тоа го поддржува и е дел од носењето одлуки кон натамошно тонење на македонската економијата.

Почитувани

Ова се причините зошто граѓаните во недела ќе му дадат црвен картон и ќе му порачаат дека Македонија со политичари како Пендаровски и како Заев не може да оди напред. Со политичари како Пендаровски и Заев Македонија нема да добие датум за преговори за почеток за влез во ЕУ. На ЕУ не и се потребни политичари кои ја штитат корупцијата и кој го штитат непотизмот.

Затоа во недела граѓаните масовно ќе излезат и ќе гласаат за враќање на правдата во Република Македонија. Затоа граѓаните во недела ќе гласаат за европска Македонија водена од Гордана Сиљановска Давкова. /МИА.

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници

Ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово, вели Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работна посета на Центарот за обука во Идризово, со цел презентирање полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово, по што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука.

Како што соопшти МВР, на средба со раководството на Центарот за обука, Бојмацалиев беше информиран за генерацијата која обуката ја започна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 маши и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма.

Во оваа прилика беше презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: BOLU – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница, стои во соопштението.

На крајот од посетата Бојмацалиев изврши убид во текот на реконструкција на 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата – целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово, по цели 53 години ги подобруваме условите во Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ.

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд

Пет тинејџери на возраст од 16 до 18 години се повредени во пукање во парк и рекреативен центар во Гринбелт, во американската сојузна држава Мериленд, а еден од нив е во критична состојба, соопштија властите.

Околу 500-600 тинејџери се собраа во Гринбелт за да ја прослават својата завршна школска година, што е широко распространета пракса во многу американски училишта.

Тинејџерите започнале „прсметка“ со водени пиштоли кога одекнале истрели.

Сообраќајните полицајци кои биле во близина веднаш пристигнале на местото на настанот, каде им помогнале на повредените ученици, а стотици тинејџери побегнале од паркот, пренесува Еј Би Си Њуз.

- Ова е ужасен, бесмислен, трагичен чин... Тоа е хронично во нашето општество и мораме да направиме нешто за да го спречиме. Тоа беа деца кои сакаа само добро да се забавуваат во локалниот парк, изјави шефот на полицијата на Гринбелт, Ричард Бауерс.

Тој информира дека сите пет жртви биле пренесени во локалните болници.

- Полицијата верува дека напаѓачот побегнал со група средношколци и во моментов не е лоциран, изјави Бауерс./МИА

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. /МИА

притисни ентер