Се гради нов „галактикос“ проект на Реал Мадрид вреден 540 милиони евра!!!

Најтрофејниот европски фудбалски клуб, големиот Реал мадрид подготвува голема реконструкција на тимот.

Кралевите од Мадрид во летниот преоден рок за трансфери планираат да вложат повеќе од половина милијарда евра.

Во проектот на Реал  вреден 540 милиони евра вклучени се неколку  големи фудбалски ѕвезди.

Раководството на тимот на „Сантијаго Бернабеу“  во летниот преоден рок сака да ги ангажира  асот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба за околу 150 милиони евра, најдобриот фудбалер на Челзи , Еден Азар за 112 мил. евра, Кристијан Ерикесен од Тотенхем за кого се подготвени да платат 85 милиони евра, веќе е договорен трансферот на Едер Милито од Порто за 50 милиони евра.

 Во дресот на Реал можеби ќе ги видиме и Тангуј Ндомбеле од Нион (80 милиони) и Лука Јовиќ за кого кралевите на Ајнтрахт Франкфурт ќе му искешираат околу 60 милиони евра.  

Првите луѓе на трофејниот Реал планираат  да добијат  огромни финансиски средства од продажбата на Герет Бејл, Тони Крос, Матео Ковачиќ, Маркос Љоренте, Маријано Дијаз, Лука Модриќ, Касемиро...

Кошаркарската Европа со поддршка за тешко болниот тренер

Еден од најдобрите кошаркарски тренери , Американецот Дејвид Блат го шокираше светот со изјавата дека боледува од мултиплекс склероза.

Блат е тренер на грчки Олимпијакос , а тој на социјалните мрежи објави тажна сторија како ја поднесува тешката болест. Веднаш по објавата , на Блат почнаа да му стигнуваат пораки со поддршка речиси од сите европски кошаркарски клубови.

Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Дарушафака, ЦСКА, Валенсија, Барселона, Басконија, Фенербахче и многу други му порачаа на тренерот Блат да остане силен во неговата борба со болеста .

Руни едвај чека да замине од САД – го опцу судијата во лице (ВИДЕО)

Вејн Руни го загуби натпреварот на госстувањето во Ванкувер со својот ДЦ Јунајтед , а според реакциите, англиската фудбалска легенда едвај чека да се врати во својата земја.

Во 74. минута од натпреварот Руни беше заменет , а од непознати причини му се внесе во лице на судијата и почна да го пцуе.

По натпреварот фудбалерот се пожали на Твитер дека цело време мора да патува низ САД на натпреварите и тоа со патнички авиони. Инаку , европските фудбалери се навикнати да патуваат со чартер или со приватни летови , додека поради правилата на американската лига , фудбалерите само четири пати во сезоната патуваат со чартер летови на натпреварите.

Легендарниот фудбалер во јануари се враќа во Англија , каде ќе потпише 18- месечен договор со второлигашот Дерби Каунти. Таму неделно ќе добива по 100 000 фунти.

Хистерија во Бразил – Дани Алвес го постигна својот прв гол (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес , по враќањето во Сао Паоло предизвика вистинска хистерија кога го постигна својот прв гол на бразилски терен.

Поранешниот играч на Бахија, Севиља , Барселона и Јувентус , по истекувањето на договорот со париски ПСЖ , потпиша тригодишен договор со Сао Паоло.

На првиот натпревар во новиот клуб , Алвес го постигна единствениот и победнички гол против Кеара.

Речиси 50 000 гледачи дојдоа на стадионот Морумба за да го гледаат својот идол , кого како херој пред две недели го пречекаа воБразил.

притисни ентер