Уапсен НБА кошаркар

Кошаркарот на НБА лигашот Бруклин, Дианџело Расел е уапсен рано утрово на аеродромот Ла Гварди. Полицијата во неговото шишенце со сок пронашла околу 50 грама марихуана.

Екипата на Бруклин Нетс веднаш по инцидентот се огласи во медиумите, но , ниту од тимот на Бруклин ги немаат сите информации што навистина се случило  со нивната ѕвезда, и сега ја очекуваат официјалната потврда за настанот.

Американската полиција само објави дека е уапсен познат кошаркар.

-Добивме повик и специјалната единица реагираше. Во неговата торбица е пронајдена марихуана. Расел е обвинет за поседување на наркотици со тежина помала од 50 грама, е наведено од полицијата.

притисни ентер