Чави ја завршува фудбалската кариера и преминува во тренери

Легендата на светскиот фудбал, поранешниот ас на Барселона, Чави Ернандез соопшти дека ја завршува кариерата како фудбалер и веднаш станува тренер.

По 17 години кариера како фудбалер на Барселона, Чави минатата година одлучи да се пресели во редовите на катарскиот Ал Асад.

Чави со отворено писмо и се обрати на јавноста и и ја соопшти својата одлука од фудбалскиот терен да се пресели на клупата крај теренот.

-Беше привилегија да се игра фудбал до 39-тата година. Би сакал сезоната да ја завршам со освојување на Амир Купот и пласман во следната фаза на Азиската лига на шампионите.Ова е мојата последна сезона во кариерата и навистина сакам да видам што ми носи живото на фукцијата тренер, напиша Чави во отвореното писмо.

Чави во карерата одигра 767 официјални средби, постигна 85 голови и освои рекордни 25 трофеи, од кои 4 титули во Лигата на шампионите, 8 во Примера . Со Шпанија стана светски шампион во 2010 година, а освои и две титули европски првак.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер