Фуриозниот Бразилец беше и остана симбол на Формула 1, еден од малкуте кои ќе се паметат за сите времиња. Светот го памети по неговиот неповторлив стил на возење, бескомпромисен, луд и храбар.
Сена за време на својата кариера има 80 подиуми и 41 победа возејќи за тимовите на Толман, Лотус, Мекларен и Вилијамс.
Светската круна во Формула 1 ја освојуваше во 1988, 1990, 1991 , светот се прашува уште колку пати Сена ќе се беше светски шампион ако не загинеше во 34 година од животот.
Тој викенд на трката за Големата награда на Сан Марино се памети како еден од најтрагичните во историјата на спортот. Многу што укажуваше дека ќе се случи некоја трагедија, и дека работите во тоа време се прилично излезени од контрола, кога станува збор за безбедноста на самите актери на трката.
Ден пред загинувањето на Сена , на истата патека во квалификациите страдаше Австриецот Роланд Расенбергер, кој при брзина од 310 километри на час на кривината Вилнев се заби во заштитниот ѕид.
Неколку часа по оваа трагедија, другиот ден во седмиот круг од трката за Големата награда на Сан Марино на страшната кривина Тамбурело, Сена при брзина од 307 км на час удри во оградата. Иако итно беше пренесен во болница во Болоња , сепак светот остана без еден од најголемите возачи во Формула 1 во Историјата, легендарниот Бразилец Аиртон Сена.