Иновациите ЕЛИФ и МЕЛИФ на кумановецот Борис Секирарски добија два златни медали

 Иновациите „Елиф" и „Мелиф" на иноваторот Борис Секрарски освоија златен медал на манифестацијата „ARCHIMEDES" во Москва и на натпреварот за иновации во Бања Лука, по повод 26 април – Денот на патент на годината.

Наградата во Москва на Саемот на технологијата што се одржа кон крајот на март, Секирарски ја добил во конкуренција од 850 експонати.

-Како дел на учеството на Здружението НАИМ (Националната Асоцијација на Инвентори на Македонија) имаше свои претставници и Македонскиот патент, системот за известување за лошо време на овој саем беше награден со златен медал. Истиот систем популарно познат како „Елиф" и „Мелиф" („Мелиф" е апликацијата за мобилни уреди со слична намена), три недели подоцна доби награда и во Бања Лука на Саемот за инвации, изјави Секирарски.

Наградите им се врачени на добитниците на свеченоста – Патент на годината, што се одржа во Скопје на 25-ти овој месец, а по повод Светски Ден на интелектуалната сопственост.

Овие две награди системот „ЕЛИФ" на авторот, метеорологот Секирарски ги доби по златниот во Скопје и сребрениот во Загреб.

Системот за корисникот на улица или среде селска населба e четирибоен семафор кој во последните моменти испраќа сигнал во вид на црвено трепкање кога почнува опасноста од брзи поплави, а трепка жолто кога силните врнежи ќе продолжат. Сино трепка кога е општа поплава (пример цела котлина) и со бела боја покажува дека уредот е исправен и прима податоци од серверот. МЕЛИФ е мобилна апликација за андроид уреди за лична употреба

-Засега системот постои во еден примерок, а би можел и да ги замени сирените за известување за кои подолг период немаме вистинско решение во државата. Без сериозно прифаќање и не толку големо вложување не би можел да функционира. Во заедницата за него децата би учеле, па и возрасните за да се оствари ефектот и да профункционира, додава Секирарски.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер