ГРАВЧЕ СО ЛЕЌА И ЛЕБЛЕБИЈА

Рецепт на: РАДА БОШКОВСКА. Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ од Понеделник до Четврток во 10 часот на Канал 5

Потребни состојки: 300 гр. грав, 150 гр. леблебија, 200 гр. леќа, 1 младо кромитче, малку лукче, 1 страк праз, 1 ловоров лист, 1 сува пиперка, малку мајчина душичка, малку магоднос, малку целер, малку коријандер, ким и бибер по вкус.

Постапка: 

Гравот и леблебијата се оставаат да отстојат во вода една вечер.

Утредента гравот и леблебијата одвоено варат околу 1 час.

Во тенџерето со сварениот грав се додаваат варената леблебија и леќата.

Потоа се додаваат: сечкано младо кромитче, сечкан праз, сечкана сува пиперка, лук, магдонос, целер и ловоров лист.

Јадењето се зачинува со: мајчина душичка, коријандер ким и бибер по вкус и се остава да проврие уште 10-тина минути.

Фото: Двометарска медуза

Медузите од овој вид обично растат околу 90 цм, затоа оваа медуза претставува вистинско чудо.

Биологот Лизи Дали и фотографот Дан Абот, велат дека никогаш во животот не виделе толкава медуза. „Видовме неколку мали медузи а потоа наидовме на една огромна, моментот беше неверојатен“ рече Лизи.

„FaceApp“ ќе биде под истрага

Американскиот сенатор Чак Шамер побара од Федералното биро за истраги (FBI) да спроведе истрага за апликацијата „FaceApp“ .

До ова дошло откако се појавиле гласини дека Русија ги искористува податоците од оваа апликација. Дали апликацијата која сите ја користат во последниве денови, можеби крие мрачна страна?

На тоа сеуште немаме одговор.

Сијамски близнаци раздвоени во Лондон

Сијамски близнаци кои биле споени со главите, успешно се раздвоени во Лондон после неколку операции кои вкупно траеле 55 часа.

Двегодишните сестри од Пакистан Сафа и Марва Улах, три пати биле оперирани во Болницата „Грејт Ормонд Стрит“ а во хируршките зафати кои биле направени во рок од 4 месеци, учествувале вкупно 100 членови од медицинскиот тим на болницата.

Хирурзите успеале да ги раздвојат нивните мозоци кои биле меѓусебно испреплетени во нивниот заеднички череп а потоа успеале да реконструираат два посебни черепа, користејќи ги фрагментите од заедничкиот.

притисни ентер