Професор од Оксфорд : Вонземјани веќе се размножуваат со луѓето на Земјата (ВИДЕО)

Професорот од Оксфорд , др. Јанг-хае Чи вели дека вонземјаните веќе се размножуваат на Земјата за да произведат нов хибриден вид , способен да ги реши климатските промени.

Др. Чи , кој предава на корејскиот Ориентален институт на Универзитетот Оксфорд верува дека новиот вид ќе може да го спаси човештвото од заканите на глобалното затоплување. Тој смета дека има силна поврзаност меѓу климатските промени и грабнувањата на луѓе од вонземјани , пренесуваат британските медиуми.

Во својата нова книга Alien Visitations and the End of Humanity, професорот објаснува како вонземјаните напредуваат во својот биосистем , но ние не можеме тоа да го видиме зашто сме ограничени со функционалноста на нашите органи.

Во книгата тој опишува четири вида вонземјани- мали, високи и храбри со змиски очи и во облик на инсекти. Додава дека суштествата во облик на инсекти се водачи , а другите ги следат нивните инструкции.

,,Значи , тие не доаѓаат поради анс , туку поради себе и својот опстанок , зашто нивниот опстанок е и наш – тоа е опстанокот на целата биосфера.” , вели професорот.

Тој предвидува дека вонземјаните ќе се појават кога ќе биде загрозен опстанокот на човештвото , како на пример во нуклеарна војна. ,, Повеќе или помалку, може да се претпростави дека хибридниот проект е одговор на претстојната смрт на човечката цивилизација.” , вели професорот.

Тој пред неколку дена се обратил до Оксфордскиот дебатен клуб за расправа на оваа тема , но бил одбиен од другите научници.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер