Лани беше најубав концепт , а годинава стигна изненадување (ВИДЕО)

Џенезис е новиот концепт на корејскиот производител , кој носи уште изненадувања.

Компанијата , која е дел од Хјунадаи и Киа , најавуваат проширување на понудата.

,,Во автоиндустријата концептите обично немаат долг век . Ние така не постапуваме и натаму го развиваме концептот што го претставивме минатата година. Веројатно наскоро ќе излеземе со новините што ги направивме во меѓувреме. “ , изјави првиот човек на Џенезис , Манфред Фицџералд.

Минатата година беше претставен концептот Есенција во Њујорк .

Станува збор за луксузно ГТ купе на електричен погон и со карбонски дел , што лани ги доби титулите за најдобар дизајн за 2018.

Годинава Џенезис го претсатви концептот Минт , многу поскромен , кој Фицџералд сака да го види во салоните.

,, Ќе се борам овој концепт да влезе во сериско производство и тоа во облик каков што е сега” ,  вели Фицџералд.

Сакала да сними селфи со коза , па добила нокаут (ВИДЕО)

Многу луѓе сакаат да се сликаат со животни , но речиси секогаш забораваат да видат дали и животното е расположено за фотографирање.

Тоа на своја кожа го почувствува девојка , која сакаше да се слика со коза. Но , козата имаше други планови.

Во еден момент , кога девојката сакаше да направи совршено селфи со коза, животното се приближи и ја удри со глава по главата и ја нокаутира.  

Рајан Рејнолдс се пофали со посебен подарок од сопругата

Рајан Рејнолдс и неговата сопруга Блејк Лајвли се едни од ретките холивудски двојки , познати по складниот и мирен брак.

За да докаже колку го сака сопругата , Рејнолдс се пофали со подарокот од Блејк. Тој доби уметничка слика на која е прикажамна сега холивудската ѕвезда како разнесувач на весници , што била неговата прва работа во родниот Ванкувер. ,, Мојата прва работа беше да доставувам весници за Ванкувер Сан. Куќата што е прикажана е домот на моето детство. Моите браќа и јас поминавме години обидувајќи се да се убиеме на тој тревник. Куќата веќе не постои, но таа живее во мојата глава “, објасни Рајан во објавата на Инстаграм, додавајќи дека тоа е најдобриот подарок што го добил досега.

На крајот, актерот се пошегувал за својата сопруга, како што обично си прават еден на друг: „Ова уметничко дело е најдобриот подарок од мојата сопруга. Ако некогаш се запалиме, тоа ќе биде првото нешто што ќе го спасам. По Блејк ќе се вратам "

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Happy Birthday to 2018’s Sexiest Voter Alive @vancityreynolds #justvoted 📬🎉#absenteeballot party!

A post shared by Blake Lively (@blakelively) on

Неговите обожаватели се воодушевени од идејата на Блејк и од начинот на кој двојката меѓусебе се изненадува. „Ова е прекрасно“, „Каде можам да најдам таква жена“, „Неверојатна“, „Чувај ја засекогаш“, му напишаа во коментарите.

Британка убила жена додека и го зголемувала задникот (ВИДЕО)

Британка е обвинета за убиство на жена , на која и го зголемувала задникот со силикони , набавени на eBay.

Британката Дона Франсис ќе биде екстрадирана во САД , откако е обвинета дека во подрум на куќа во Њујорк и вбризгала вештачки силикон во задникот на 34- годишната Кели Мејхју. Британката Франсис (38) е поранешна фризерка и е обвинета за убиство од немар и за вршење недозволени медицински зафати.

Таа во 2015 набавила силикони преку интернет , на eBay , но при вбризгувањето жртвата добила срцев напад.

Британката ја оставила жената да умира во подрумот и избегала од САД во Британија. Докторите утврдиле дека Американката починала од срцева емболија , односно кога силиконот истекол од капсулата и влегол во крвните садови .

притисни ентер