Во Англија по 87-ми пат се одржа Светско првенство во играње џамлии (ВИДЕО)

Во англиското градче Тинсли Грин по 87-ми пат се одржа Светското првенство во играње со џамлии.

Годинава победата ја однесе Германија, која во финалето го совлада домашниот тим од Британија.. Почнувајќи од 1932 година, екипи од повеќе земји доаѓаат во оваа мало живописно градче со надеж дека ќе го освојат победничкиот прстен, а во средината на 90-тите години започнува да се одржува и репрезентативното Светско првенство во џамлии, најчесто во категоријата, кај на позната како „на мор“.

Натпреварите традиционално се одржуваат пред градскиот паб, кој датира од 1936-тата година.

Најголемата џамија во Европа е отворена во Чеченија (ВИДЕО)

Во чеченскиот град Шали денеска е отворена најголемата џамија во Европа , тврдат локалните власти.

Џамијата во Шали може да прими 30 000 верници , а на нејзиното плато може да се соберат уште 70 000. Градбата на џамијата траела седум години , а свечено ја отвори претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров.

Објектот е прекриен со бел грчки мермер и украсен со чисто злато .

Огромниот лустер во облик на лотос е украсен со сваровски кристали. Кадиров на отворањето ги замоли граѓаните во негова чест, кога ќе почине,  да изградат мала џамија.  

Музичката ѕвезда Рајко Дујмиќ се соочува со затворска казна од 9 месеци – ја претепал сопругата

Рајко Дујмиќ (63) , кого повозрасните од регинот го паметат како основач на групата ,,Нови фосили” , од 1. јули е во затвор поради закани по живот во пијана состојба кон неговата сопруга Снежана.

На Дујмиќ му е продолжен притиворот  до 1. октомври поради опасност дека ќе го повтори делото. Обвинителството бара 9 месеци безусловен затвор и девет месеци условно со четиригодишен рок да не го повтори делото , како и мерка за задолжително лекување од зависност. Тој на 1. јули се скарал со сопругата во нивниот дом.

Дујмиќ бил под дејство на алкохол и тоа два промили. Во еден момент , Дујмиќ почнал да ја тепа сопругата и и се заканил дека ќе ја убие. Соседите повикале полиција , што не било прв пат во домот на Дујмиќ , по што тој бил приведен.

Тој не се сеќава на инцидентот , поради тоа што бил пијан, додека Снежана остана на исказот дека ја тепал и и се заканувал по живот.  

,,Ќе поднесам одговор на обвинението следната недела. Што се однесува до продолжувањето на притворот, веќе е поднесена жалба и решението на окружниот суд во Загреб е во очекување. Мојот клиент е добро во затворот, тој е многу цврст човек,  свесен е за ситуацијата и проблемите во кои се наоѓа. Нема оправдување за агресијата, но не е сè црно-бело како што е претставено во јавноста - изјави адвокатот на Дујмиќ, Сандра Ханчиќ, за „Јутарњи лист“.

И покрај претходните апсења, Дујмиќ е неосудуван човек. Неговиот последен „грев“ на сличен и извршен на истото место и потекнува од 2015 година, но тој беше пуштен на слобода после три години судење затоа што неговата сопруга ја искористи можноста да не сведочи.

Очаен обид за спас на белите носорози- Извадени јајце клетки од последните две женки (ВИДЕО)

Екипа ветеринари од Кенија извадиле десет јајце клетки од последните две женки на северниот бел носорог , надевајќи се дека ќе успеат да ги оплодат и да му го продолжат животот на овој вид животни пред изумирање.

Научниците се надеваат дека јајце клетките ќе може да ги оплодат со замрзната сперма од последниот угинат мажјак , кој беше убиен во март 2018 година. Поради ловокрадците и загубата на природни живеалишта, овој вид е доведен пред целосно изумирање. Во проектот за спас на белите носорози од целосно изумирање се вклули и институтот од германскиот град Лајбниц, како и чешката зоолошка градина.

„Среќни сме затоа што со ова партнерство сме еден чекор поблизу до спречување на истребување на овој загрозен вид“, рече Wон Вауер, директор на кенискиот институт KWS. „Ова е особено трогателен момент со оглед дека последниот мажјак од северниот бел носорог, Судан, беше убиен во Кенија минатата година“.

Двете преостанати северни бели носорози, мајка и ќерка Наин и Фату, живеат под 24-часовна заштита во Кенија.

И двете, за жал поради генетиката, се неплодни. Ембрионите ќе бидат вметнати во сурогатот на женски јужен бел носорог, но сè уште не е познато дали операцијата ќе биде успешна.

притисни ентер