Дневен хороскоп за 28.4. 2019 година

Дневен хороскоп за недела, 28.април 2019 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе почувствувате дека може да уживате во ссосема обични работи и дека покрај љубов не вио се потребни атракции.

Кариера

Потрудете се добро да ги организирате работните часови , за подготвени да го дочекате она што доаѓа и да имате нергија да го завршите.

Здравје и совет

Останете смирени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе сакате да најдете решение по секоја цена , а токму таквиот приод нема да донесе резултати. Ви преостанува само да чекате.

Кариера

Веројатно ќе го почувствувате новиот бран енергија , поради што ќе изгледате поактивно и позитивно кон работата.

Здравје и совет

Продолжете да работите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мало вознемирување поврзано со вашето семејство накратко ќе ве потресе , но вашата врска и натаму е квалитетна.

Кариера

Одвнатре ќе бидете нетрпеливи за да ги докажете своите проценки , но сепак цел ден ќе мора да слушате други.

Здравје и совет

Мал душевен немир.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако денеска се обидете да го збогатите својот љубовен живот , преку некоја своја креативна идеја , тоа нема многу да успее.

Кариера

Ќе уживате во бавното темпо на работа. Некои дури и ќе претераат во опуштање. Добро е да се работи без стрес , но треба добро да се сработи.

Здравје и совет

Немојте толку да се плашите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Додека вие се трудите да бидете љубезни и да го одржувате балансот и мирот во врската, од внатре ќе чувствувате сомнеж.

Кариера

Објективно , не сте лоши и другите ве поддржуваат во работата , но без особен апричина некој од колегите би можел да биде деструктивен.

Здравје и совет

Издржете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Конечно влегувате во поконструктивен љубовен период , кога критиките на ваша сметка се забораваат. Радувајте се.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на луѓе и дружби , така што за работа нема многу да размислувате . Ќе работите автоматски.

Здравје и совет

Ќе се снајдете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои можеби ќе почнат да размислуваат за личност што ја познаваат од работа. Нема да бидат сигурниз а што точно станува збор.

Кариера

Мислите за работа ќе доаѓаат сами по себе , но ќе бидат смирени , позитивни и амбициозни. Денот е добар за на мир да се направат нови планови.

Здравје и совет

Барем на момент заборавете на се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Малку нешта може да ви попречат во овој момент на вашиот љубовен пат. Се се развива на добро , а вие сте задоволни.

Кариера

Денеска не ги слушајте пријателите ако ви дадат свое мислење за една ваша деловна идеја. Нема да ве разберат.

Здравје и совет

Наспијте се .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска е можно убаво да се забавувате и да бидете гостин на атрактивна забава. Саканата личност ќе биде покрај вас.

Кариера

Оние кои сакаат спорт , ќе се најдат на напнат натпревар.Другите ќе уживаат , малку ќе работат , а малку ќе се забавуваат.

Здравје и совет

Време е за повеќе вежбање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не очекувајте премногу од денешниот ден. Добар е за пребарување по спомени , но без конечни заклучоци.

Кариера

Ќе размислувате дали и колку ве сака шефот , какви ви се односите со соработниците и дали си ја сакате работата.

Здравје и совет

Преспијте до утре , па донесете одлука.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете популарни и прифатени во секое друштво. Ако уште сте сами , излезете меѓу луѓе , па макар само на кафе.

Кариера

Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило.

Здравје и совет

Држете се до својот план.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако имате потреба денот да го поминете сами , направете го тоа. Ако сакате да се поверите на близок пријател , и тоа е добро. Но , не очекувајте љубовен жар.

Кариера

Може само да бидете среќни што денеска немате многу работа , зашто не сте во топ форма. Одработете го она што го морате и опуштете се со содржини што ги сакате.

Здравје и совет

Не размислувајте премногу.

Путин: Ловците Ф-16 ќе бидат легитимна цел за Русија, како и аеродромите од кои полетуваат

Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

За време на посетата на Тверската област, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“.

Тој порача дека ловците Ф-16 доколку бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништува нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетни системи“.

Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

притисни ентер