Неделен хороскоп од 6.5. до 13.5.2019 година

Неделен хороскоп од понеделник 6 .мај до понеделник 13. мај 2019 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Созреана ви е идејата како да забавувате и заведете една личност која ја посакувате , па ќе се потрудите тоа и да го направите. Веројатно ќе успеете , но под услов да прифатите и по некој компромис и да не скокате на секоја провокација.

Кариера

Ништо не е случајно , па ни тоа дека токму на вас ви се случуваат некои работи што ве збунуваат. Сепак , не е толку лошо зашто конечно ги земате работите во свои раце. Тоа ќе оди постепено. Затоа не брзајте, туку одете чекор по чекор.

Здравје и совет

Подоцна се ќе си дојде на свое место.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ведрина , позитивен дух , шарм и уживање во малите работи- тоа ќе го обележи деновиве вашиот приватен живот. Затоа не се грижете за ситни работи , не се толку важни.Подобро уживајте во она што го имате . Некои ќе сонуваат со отворени очи.

Кариера

Ќе има премногу желби и премалку шанси за нивно остварување . Вашите амбиции не се мали , но ситуацијата ќе налага задолжителна соработка со други. Време е за добро планирање на следните потези , а за реализација може и да почекате.

Здравје и совет

Немојте да бидете нетрпеливи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате малку осамени или ќе фантазирате. Смирете се и повлечете се во тишина и медитација. Немојте да очекувате многу повеќе од она што сега го имате.

Кариера

Ситуации , луѓе и настани – сето тоа ќе ве наведе на потребата да поработите на вашиот професионален развој и стручно усовршување. Не сте перфекционист по природа , но ќе ги барате сите информации што ќе ве доведат кон тоа.

Здравје и совет

Вистината прифатете ја во целост.

Лав 23.7- 22.8.

Љубов

Се повеќе ќе се занимавате со вашиот приватен живот и ќе копнеете по љубов.Мали недоразбирања или грешки во чекори ќе бидат од минлив карактер. Поголемиот дел сепак ќе ви оди од рака , па потурдете се да излезете во друштво ако сте сами.

Кариера

Оние кои бараат работа би можеле да бидат повикани на разговор што ветува. Не е исклучено и да добијат работа. Оние кои веќе работат ќе бидат настроени да ги покажуваат емоциите на работното место и ќе уживаат во работата.

Здравје и совет

Побарајте хоби поврзано со луѓе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе станете подруштвени , зашто така ќе ве наведат околностите.Сепак вашето срце веројатно нема да биде исполнето. Многумина заедно ќе излегуваат во поголеми групи и нема да седат сами. Добрата забава е загарантирана , но не и многу повеќе.

Кариера

Атмосферата на работното место ќе биде добра . И покрај повремениот замор , полесно ќе работите. И односите со колегите ќе се подобрат. Малите пропусти во изразувањето ќе ги надоместите со љубезност и сериозна работа.

Здравје и совет

Добро е да почнете со индивидуален спорт.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ако сте уште сами и барате љубов , веројатно ќе фантазирате. Ова се денови кога повеќето ќе пребарувате по далечни љубовни сеќавања или ќе читате меѓу редови гледајќи ја саканата личност. Нема да биде здодевно , ниту сензационално.

Кариера

Што и да се случи на работното место , вие ќе бидете главен координатор на работите или дипломагт кој сос својата вештина на комуницирање ќе ги насочи работите на вистинското место. Вашите потези ќе добијат на значење , па внимавајте што работите.

Здравје и совет

Би било добро да одите во природа за да ги наполните батериите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата потреба да бидете заштитени ќе биде се посилна , а со тоа оди и живот во тишина. Барем кога станува збор за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни атракции , туку ќе почнете да уживате во мали и нормални состојби. Тоа е зрелост, било за партнерите , било за личноста засебно.

Кариера

Она за што се борите е исправно , но треба подобро да соработувате со другите.Барем сега. некои ќе се обидуваат да ја усовршат својата стручност. Оние кои учат секако се во добивка.

Здравје и совет

Ќе правите планови за далечни патувања.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас се добри љубовни денови. Доколку имало некаква пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и ќе јадете заеднички јазик. Ќе има уште непримерено однесување , но занемарливо.

Кариера

Веројатни се нови задачи од стана на вашите надредени .Дури сега ќе видите дека и тие можеле да бидат и тоа како амбициозни. Ќе испливаат и резултати од една ваша претходна работа , што ќе ви го подигне личниот рејтинг на работата.

Здравје и совет

Бидете јасни за сите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Некои конечно ќе успеат да го отворат своето срце и да се ослободат од пречките или фрустрациите што ги кочеле. Тоа ќе биде гиолем чекор напред во вашите лични односи. Другата страна ќе ве поддржи и сака. Самците ќе ја бараат љубовта преку размена на идеи.

Кариера

Се повеќе ќе соработувате со млади и ќе воведувате млади лица во работењето. Тоа ќе ви донесе освежување и радост. Исто така ќе се зголеми кореспонденцијата ,а боројот на меилови ќе биде завиден.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе играте на карта на наивност , ноншалантност и шарм. Тоа најдобро ќе ви оди во личниот живот . Ако се обидете малку посериозно да разговарате со другата страна , ќе наидете на сопствениот хаос .Или обратно. Затоа молчете и едноставно сакајте.

Кариера

Некои веројатно ќе имаат посебни таленти , но во сударот со реалноста ќе видат дека навистина ги немаат. Од таму ќе се смеете сами на себеси или ќе издржите некоја критика. Набргу ќе продолжите понатаму со зрели размислувања.

Здравје и совет

Не бидете материјалисти.Духот е главниот двигател.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете активни во создавањето контакти, па ако уште сте сами,ќе најдете некого.Барем за пријатно познанство.Младите добро ќе се забавуваат , но без љубовни намери.Сите ќе трпат провокации и критики од другата страна.

Кариера

Ќе сонувате поквалитетна работа и поголеми права .Тоа е можно , но најпрвин треба да си ја одработите редовната работа.Соработката ќе биде клучна за вашиот успех. Слушајте ги другите , бидете кооперативни , па и тие ќе ве поддржат.

Здравје и совет

Занемарете ги малите грижи и нервози.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е да ви недостигаат предизвици во приватниот живот . Привлечноста што ја очекувате ќе изостане , па затоа немојте да создавате вештачки ситуации.Така влегувате во светот на илузии.Прифатете го ова како минливо затишје и уживајте во малите радости.

Кариера

Пред вас се денови кога ќе имате најверојатно можност да покажете колку сте љубезни и истрајни во работата.Тоа ќе биде добредојден предизвик што веднаш ќе го прифатите. Многумина дури сега ќе увидат дека имаат и некои други таленти.

Здравје и совет

Смирете ја својата потреба за акција по секоја цена.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер