Насилник , кој тепал жена , настрадал од ,,Велигденски зајак” (ВИДЕО)

Во Орландо , Флорида, маж тепал жена среде улица и пред сите минувачи, кога наеднаш на него се нафрли ,,Велигденски зајак”.

Мажот ја претепувал жената пред ноќен клуб во Орландо пред бројни минувачи. Наеднаш на него се нафрли човек мнаскиран како Велигденски зајак. Прво се обиде да ги раЗдвои мажот и жената , но кога тоа не мууспеа , почна силно да го удара мажот.

Минувачите со одобрување навивале за маскираниот , се додека не се појави полицијата.

Видеото од тепачката набргу е објавено на социјалните мрежи , а според американските медиуми , човекот облечен во костум рекол дека не можел да гледа како маж претепува жена пред сите и морал да се вмеша.

Наивен уметник го доби судскиот спор против Северина

Поради слики на хрватски наивни уметници , чии мотиви користела Северина на својот албум , пејачката и нејзината издавачка куќа се најдоа на суд.

Ги тужи 84 годишниот наивен уметник Мијо Ковачиќ, чии слики ги користела Северина Којиќ на албумот ,,Здраво , Марија”. Таа ќе треба да му плати обештетување од околу 3 500 евра на уметникот за албумот издаден во 2008 година.

Судот во Загреб одлучи дека на авторот на сликите му биле повредени авторските, моралните права и дека сликите биле користени нелегално.

Самиот автор вели дека доколку Северина го прашала , бесплатно ќе и дозволел да ги користи неговите уметнички дела.

Капата на Хитлер урива рекорди на аукција во Германија, заедно со уште 842 предмети

Капата на Хитлер е продадена на аукција за 50 000 евра, а фустанот на неговата вереница Ева Браун за 4 600 евра.

Тое се само два од вкупно 842 предмети од национал-социјалистичката ера, кои беа понудени на контроверзната аукција за која во Германија многу се дискутира деновиве.

На аукцијата во близина на Минхен ,аукциската куќа Херман понуди на продажба 842 предмети од тоа време, вклучувајќи ја и шапката на Адолф Хитлер, луксузно издание на неговата книга Маин Кампф, обложена со сребро, во сопственост на Херман Геринг, фустанот на доживотната пријателка на Хитлер, Ева Браун и мечот на озлогласениот офицер на СС, Фриц Клингенберг, пишува Дојче веле.

Аукцијата беше проследена со остри критики. Европската еврејска асоцијација (ЕЈА) се спротивстави на одржувањето на аукцијата. Во време кога насилството од десничарски  и антисемитски организации е во посдем, аукцијата создава можност да се „слават нацистите“, рече рабинот Менахем Марголин, претседател на ЕЈА. "Погрешно е да се претворат тие предмети што се натопени со крв, во пари, особено во Германија", рече рабинот, додавајќи: "Јас разбирам дека не е нелегално да се купуваат и продаваат нацистичките спомени. Овде не станува збор за закон, туку за морал".

Како што покажа аукцијата во Минхен, луѓето се подготвени да платат многу пари за предметот што го сакаат. Шапката на Хитлер се продаде за 50.000 евра, луксузната книга Маин Кампф за неочекувани 130.000 евра (двојно повеќе од почетната цена), фустанот на Ева Браун за 4600 евра, писмо на Хитлер до неговиот пријател од младоста , Август Кубицек за 80.000 евра.

Пет работи што не може да си ги дозволат ниту милионерите

Има некои работи што дури ни милионерите не можат да си ги дозволат. 

Business Insider  состави список од пет работи кои се надвор од дофатот на милионерите, односно само супер богатите мултимилионери можат да ги имаат .

1. Суперијахти

Иако се чини дека сите богати луѓе одмораат на јахти, но кога станува збор за тие мултимилионски долари луксузни суперјахти, само најбогатите можат да ги имаат. Ова е затоа што со вакви пловни објекти, покрај астрономската почетна цена, постојат и многу високи трошоци за одржување што само неколку можат да си ги дозволат.

2. Приватни авиони

Истата работа се однесува и за приватните авиони. Иако можеби се чини дека секој милионер има свој сопствен приватен авион, со кој може да лета насекаде во кое било време, само оние многу побогати од милионерите можат да си дозволат вакви работи. „Да се биде сопственик на авион не е за милионери. Тоа е за момци кои  вредат 50, 60, 100 милиони“, рече Крис Батаглија од „Meridian Aviation “.

3. Спортски клуб

Само најбогатиот може да си дозволат да станат член на  спортски клуб од светска класа. На пример, во 2014 година, Стив Балмер го купи ЛА Клиперс за неверојатни 2 милијарди долари.

4. Постојана домашна послуга

Не сите милионери имаат постојана послуга во своите домови. Веројатно повеќето можат да си дозволат помош околу куќата, но не можат да си дозволат тие да прават сè друго за нив затоа што тоа чини многу пари. Вработени како послуга со полно работно време во кое би биле вклучени началник на персоналот, менаџерски тим, батлер, асистент, готвач, домаќинка, дадилка, тутор, возач и домаќин чини 1 до 2 и пол милиони долари годишно, не вклучувајќи ги сите бенефиции кои работодавачот мора да ги обезбеди за овие вработени, пишува BI.

5. Бункери за судниот ден

Се зголемува бројот на ексцентрици кои се подготвуваат за „судниот ден “ градејќи бизарни комплекси и бункери. Тие треба да имаат многу пари за вакво нешто. Блумберг неодамна напиша дека милијардерите од Силиконската долина во последно време купуваат бункери во Нов Зеланд, од кои некои чинат околу осум милиони долари. Оние со малку повеќе луксуз и до 20 милиони долари.

Значи, ако некогаш дојде судниот ден и овие бункери навистина послужат за целта –на светот  ќе останат живи само милијардери и мултимилионерите.

притисни ентер