Памела Андерсон беше гостинка на синоќешната вечера на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј , каде се собирала помош за сиромашните деца од градот. наеднаш , во текот нa вечерта 100 000 од парите се намениле за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз. Андерсон , која е во врска со фудбалерот Адил Рами од Олимпик , не можела да издржи и бесно ја напуштила вечерата.
Таа подоцна напиша дека парите се неопходни за децата , а за Нотр Дам веќе има собрано над милијарда евра.
,,Бев толку лута и разчарана што го прашав Адил дали може да си одиме. И си отидовме.” , напиша Памела на Твитер.
Без да и одговори директно нa Памела , од клубот денеска објавија дека биле собрани вкупно 439 760 евра , а американскиот претседател на фудбалскиот клуб од Марсеј, Френк МекКорт веќе најави дека дел од парите има намера да ги донира за обнова на катедралата Нотр Дам.