Министерот Димитров во дводневна работна посета на Хаг

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Хаг, Кралство Холандија.

Како што соопшти МНР,  Димитров во Хаг ќе оствари средби со холандскиот колега Стеф Блок, како и со претставници на канцеларијата на холандскиот премиер, на Министерството за надворешни работи и членови на Парламентот.

Министерот Димитров ќе има обраќање и пред парламентарниот Комитет за европски прашања, каде ќе го презентира напредокот на Република Северна Македонија во изминатиот период и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, во пресрет на овогодинешниот Совет на ЕУ во јуни. /МИА

Опозициската Неа Демократиа води во анкетите пред гласањето за ЕП во Грција

Според резултатите на последните анкети објавени во Грција , води конзервативната опозициска Неа Демократиа.

Според анкетата направена за потребите на телевизијата Антена, на изборите утре Неа Демократиа би добила 29,4 проценти од гласовите за Европскиот парламент , додека владејачката СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас би имала 22,4 проценти од гласовите. На трето место би било левичарското Движење за промени (КИНАЛ) со 6,6 проценти , а зад нив се Златна зора со 5,4 и Комунистите со 4,8 проценти.

Бројот на неопределени е 12,2 проценти. Слични резултати објави и агенцијата МРБ за телевизијата Стар.

Анкета : Дали би војувале за својата земја?

Многу помалку од половина од Македонците би се бореле за својата земја , покажува анкетата на Галуп спроведена во 64 земји низ целиот свет.

Глобалниот просек изнесува дека 61% би се бореле за својата земја , а 27% дека не сакаат да се борат. Очекувано , многу е поголем процентот на мажи кои се подготвени да војуваат за својата земја , но сепак не е мал ниту процентот на жените , 52%.

Највисок е процентот во земјите на Блискиот исток и Африка – дури 83% , додека најмалку за западна Европа каде просекот изнесува 25%.

Во голeмата анкета биле прашани 62 398 лица , по 1000 за секоја земја , а анкетата била спроведена од септември до декември 2014. ,,На стотина години од Првата светска војна , утврдивме дека 61% од граѓаните на светот сака да војува. “ ги коментираше резултатите Жан – Марк Лежер , претседателот на Меѓународното здружение на Галуп.

Меѓу сите испитаници најмао располежение за одбрана на земјата со војна има во Јапонија – само 11% , а на дното на табелата се и Германија , Италија и Австрија.

Најподготвени за борба се Мароканците и жителите на островот Фиџи со 94%. Меѓу европските земји отскокнува процентот на Финска -74% од луѓето сакаат да војуваат а по неа Турција со 73%.

 Во регионот , Македонија е на дното со 38% подготвени да се борат за својата земја , а најголем е процентот во Косово 58% , додека во Србија изнесува 46%.

Постојат разлики и во религиите. Муслиманите се најподготвени за војна или 78% , потоа Хиндуистите со 77% , а меѓу Христијаните најборбени се православните со 53% . Од Евреите само 51% се подготвени за војна.

Повратник од Германија починал од срцев удар во казино во Кавадарци

Повратник од Германија на педесетина години, вечерва добил срцев удар во казино во Кавадарци и починал на самото место додека играл игри на среќа.

Оваа информација за МИА ја потврдија Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес и Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.

Според првичните информации, човекот и претходно имал срцеви проблеми во Германија. Засега не се соопштуваат детали за случајот. 

притисни ентер