Одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет за безбедност и здравје при работа со поддршка на Канцеларијата на „Friedrich Ebert Stiftung" – Скопје денеска ќе го одбележат Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

На настанот ќе бидат доделени награди и призинанија на компании за заштита и здравје при работа, а ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. /МИА

Анкета : Дали би војувале за својата земја?

Многу помалку од половина од Македонците би се бореле за својата земја , покажува анкетата на Галуп спроведена во 64 земји низ целиот свет.

Глобалниот просек изнесува дека 61% би се бореле за својата земја , а 27% дека не сакаат да се борат. Очекувано , многу е поголем процентот на мажи кои се подготвени да војуваат за својата земја , но сепак не е мал ниту процентот на жените , 52%.

Највисок е процентот во земјите на Блискиот исток и Африка – дури 83% , додека најмалку за западна Европа каде просекот изнесува 25%.

Во голeмата анкета биле прашани 62 398 лица , по 1000 за секоја земја , а анкетата била спроведена од септември до декември 2014. ,,На стотина години од Првата светска војна , утврдивме дека 61% од граѓаните на светот сака да војува. “ ги коментираше резултатите Жан – Марк Лежер , претседателот на Меѓународното здружение на Галуп.

Меѓу сите испитаници најмао располежение за одбрана на земјата со војна има во Јапонија – само 11% , а на дното на табелата се и Германија , Италија и Австрија.

Најподготвени за борба се Мароканците и жителите на островот Фиџи со 94%. Меѓу европските земји отскокнува процентот на Финска -74% од луѓето сакаат да војуваат а по неа Турција со 73%.

 Во регионот , Македонија е на дното со 38% подготвени да се борат за својата земја , а најголем е процентот во Косово 58% , додека во Србија изнесува 46%.

Постојат разлики и во религиите. Муслиманите се најподготвени за војна или 78% , потоа Хиндуистите со 77% , а меѓу Христијаните најборбени се православните со 53% . Од Евреите само 51% се подготвени за војна.

Повратник од Германија починал од срцев удар во казино во Кавадарци

Повратник од Германија на педесетина години, вечерва добил срцев удар во казино во Кавадарци и починал на самото место додека играл игри на среќа.

Оваа информација за МИА ја потврдија Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес и Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.

Според првичните информации, човекот и претходно имал срцеви проблеми во Германија. Засега не се соопштуваат детали за случајот. 

Жолтите елеци излегоа 28. викенд на улиците (ВИДЕО)

Илјадници Жолти елеци и денеска , 28. викенд по ред протестираа против социјалната и фискална политика на Макрон , во пресрет на европските избори важни за иднината на Франција.

Денеска се собраа вкупно 3 200 демонстранти , од кои 1 200 во Париз. Минатата сабота , според податоците на Минситерството за внатрепшни работи имало нешто помалку , 2800 демонстранти , а овие податоци ги демантираат организаторите тврдејќи дека се далеку побројни.

На првиот собир на 17. ноември минатата година имаше 282 000 демонстранти. Денешните протести минаа главно мирно и без насилства.

притисни ентер