Бритни Спирс излезе од психијатриско лекување и не изгледа добро (ФОТО)

Фотографиите на Бритни Спирс како излегува од психијатриско лекување ги шокираа нејзините фанови.

Бритни на почетокот на месецов заврши на клиниката за психолошка помош , откако на татко и со кого била многу блиска , му се искомплицирала и така тешката здравствена состојба. На крајот на 3 нееделниот престој , Бритни излезе од клиниката за Велигден , а денот го помина со нејзиното момче Сем Асгари.

Бритни по своја волја отиде во клиниката зашто не можеше да издржи кога дозна дека татко и Џејми Спирс е во тешка состојба. Токму татко и пред 12 години ја спасил од нервен удар и и помогнал да се врати на сцената. Таа со месеци пие посебен коктел од лекарства , а сега докторите прават приспособување на нејзиниот организам кон нова комбинација на лекови .

Бидејќи имало опасност од самоубиство кај пациентот , докторите морале да јамемнуваат терапијата постепено , пишуваат медиумите.

Бритни е ,,уловена” од папараците како со момчето излегува од хотел на Беверли Хилс , а истиот ден се вратила назад на клиниката.

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници.

Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници - до 90 дена за имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија, 97 беа против, а 94 беа воздржани.

Германецот, обраќајќи им се на членовите на ЕП пред гласањето, рече дека тоа е важно гласање и одлука која ќе го подобри животот на 18.000 српски државјани на Косово, кои се носители на специјални пасоши. /МИА

Вучиќ: Со кампањата во Македонија, Курти ја поткопува регионалната стабилност

Предизборната кампања во Македонија најде место и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде синоќа се расправаше за извештајот за работата на УМНИК на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање рече дека косовскиот премиер Курти се мешал во внатрешните работи на Македонија и дека бил вклучен во предизборната кампања во земјава. Косовската претсеателка Вјоса Османи, пак, обвини дека Белград со терористички тактики го поткопувал уставниот поредок во Косово.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

притисни ентер