Сиљановска – Давкова : Ние мораме да ставиме крај на просечноста во политиката

Честопати слушате дека јас за себе велам дека сум како професор и како личност сократовка, рече вечерва кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова .

Сократ бил обвинет дека ги бунтува младите и еве јас признавам дека ги бунтувам младите кога предавам. Им велам дека треба да критични кон сите па и кон професорите, да не веруваат во апсолутни вистини, да не веруваат во авторитети, да критикуваат. Бидејќи без критичко мислење не може да има реформи.

Затоа сум овде меѓу нив, да ја чујам критиката за досегашната кампања, за она што се случува, за да ги чујам забелешките за да знам кој пат да фатам во вториот изборен круг.

Се надевам дека ова не се круговите на пеколот на Данте Алигиери. Мислам дека се обидував никогаш да не ги заборавам во она што го правам, не мислам дека е најголем предизвик за мене да имам функција наречена претседателка на државата туку напротив навистина да укажам на потребата од препознавање на вистинскиот демократски живот во Македонија за оние најпотентните политички, умствено, критички да останат во Македонија или да се вратат, или да ги задржиме во контакт зошто без нови луѓе во политиката, без радикални промени во лидерите во партиите внатре, без внатрепартиска демократија која ја нема ако се анулираат критички настроените луѓе, оти јас сум видела во сите партии извонредни умови, критички умови, реформатори ама некако нив ги немаше на клучните функции. Ако не дојде до промена мислам дека нема да дојде ни до промена во Македонија.

Затоа се обидувам како нивна професорка која вели дека вреди да се биде бунтовник со причина или без причина, да се биде млад, а кога сум со нив јас сум млада во мислата се разбира да ги поттикнам на критика, да ги поттикнам на активност, зошто мислам дека тогаш вреди да се зборува за младите како за идни лидери, како на идни дипломати, како на идни креатори на политиката, пратеници, премиери, членови на државната и јавната администрација заради знаењето и умот. А, не заради партиската блискост.

Ќе се обидам во вториот дел на кампањата низ вакви средби било да се тоа овде или во „Јавна соба“ или на „Школка“, и со оние кои што сакаат да бојкотираат, и со оние кои имаат аргументи против тоа и за оние кои мислат дека вреди да се победи на овие избори, ама и сите ние кои го респектираме другиот да поттикнеме некоја, да разбудиме некоја енергија во Македонија.

На еден од моите најомилени филмови е „Младост или Јуд“ ако се сеќавате со Мајкл Кеин, јас не мислам дека сум најдобрата диригентка но мислам дека како некој што е критичен и дома и кон политиката и во науката навистина можам да ја разбудам младоста не само кај најмладите туку и кај мислечките луѓе. Ние мораме да ставиме крај на просечноста во политиката оти нашиот живот веќе зависи од политичките одлуки. Сево ова што се случуваше овие 30 години кога се клонираа луѓето како киборзи станаа политичарите и ги клонираа себеси и сличните.

И мислам дека треба да си заминат и да започнеме една нова пролетна ориентирана политика која ќе ги разбуди и ќе ги расцвета најумните и најкритичните. Се надевам дека можам тоа да го сторам. Ова особено важи за женскиот дел на популацијата кој иако доминира во многу професии сепак не е на клучните функции и тоа ќе биде доказ за демократскиот капацитет и кредибилитет на македонската политика.

Очекувам многу енергија, креација, скриена, непозната, непризната зборувам за жените да дојде до израз со моја помош и така ќе живееме во хармонија во женско – машки свет. Во еден човечки свет. А, се разбира дека тоа ќе биде со светот на најмладите оти стално велиме на нив им припаѓа иднината, а ако не ги вклучуваме во решавање на сегашноста нема да можат тие да влијаат врз иднината, рече Сиљановска Давкова која вечерва имаше средба со младите во Скопје .

Анкета : Дали би војувале за својата земја?

Многу помалку од половина од Македонците би се бореле за својата земја , покажува анкетата на Галуп спроведена во 64 земји низ целиот свет.

Глобалниот просек изнесува дека 61% би се бореле за својата земја , а 27% дека не сакаат да се борат. Очекувано , многу е поголем процентот на мажи кои се подготвени да војуваат за својата земја , но сепак не е мал ниту процентот на жените , 52%.

Највисок е процентот во земјите на Блискиот исток и Африка – дури 83% , додека најмалку за западна Европа каде просекот изнесува 25%.

Во голeмата анкета биле прашани 62 398 лица , по 1000 за секоја земја , а анкетата била спроведена од септември до декември 2014. ,,На стотина години од Првата светска војна , утврдивме дека 61% од граѓаните на светот сака да војува. “ ги коментираше резултатите Жан – Марк Лежер , претседателот на Меѓународното здружение на Галуп.

Меѓу сите испитаници најмао располежение за одбрана на земјата со војна има во Јапонија – само 11% , а на дното на табелата се и Германија , Италија и Австрија.

Најподготвени за борба се Мароканците и жителите на островот Фиџи со 94%. Меѓу европските земји отскокнува процентот на Финска -74% од луѓето сакаат да војуваат а по неа Турција со 73%.

 Во регионот , Македонија е на дното со 38% подготвени да се борат за својата земја , а најголем е процентот во Косово 58% , додека во Србија изнесува 46%.

Постојат разлики и во религиите. Муслиманите се најподготвени за војна или 78% , потоа Хиндуистите со 77% , а меѓу Христијаните најборбени се православните со 53% . Од Евреите само 51% се подготвени за војна.

Повратник од Германија починал од срцев удар во казино во Кавадарци

Повратник од Германија на педесетина години, вечерва добил срцев удар во казино во Кавадарци и починал на самото место додека играл игри на среќа.

Оваа информација за МИА ја потврдија Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес и Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.

Според првичните информации, човекот и претходно имал срцеви проблеми во Германија. Засега не се соопштуваат детали за случајот. 

Жолтите елеци излегоа 28. викенд на улиците (ВИДЕО)

Илјадници Жолти елеци и денеска , 28. викенд по ред протестираа против социјалната и фискална политика на Макрон , во пресрет на европските избори важни за иднината на Франција.

Денеска се собраа вкупно 3 200 демонстранти , од кои 1 200 во Париз. Минатата сабота , според податоците на Минситерството за внатрепшни работи имало нешто помалку , 2800 демонстранти , а овие податоци ги демантираат организаторите тврдејќи дека се далеку побројни.

На првиот собир на 17. ноември минатата година имаше 282 000 демонстранти. Денешните протести минаа главно мирно и без насилства.

притисни ентер